ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Потсетување – Како ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски сечеа ленти за Ванчо Михајлов

Тогаш Груевски изјави дека Ново Село е легенда за историјата на Македонија и како ретко кое место во земјава има родено дејци и револуционери кои придонеле за развојот на историјата. Штипската населба Ново Село има богато историско минато, оттаму почнува развојот на Штип, а тука учителствувал и македонскиот револуционер, Гоце Делчев. Во Ново Село се родени Михајло Апостолски, Тодор Александров и најконтраверзниот, Иван Ванчо Михајлов, наречен и Радко.

April 20, 2022 08:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изминативе денови главна тема во јавноста е отворањето на Клубот Ванчо Михајлов во Битола. На чинот на отворањето присуствуваше голема бугарска делегација, предводена од бугарскиот премиер Кирил Петков, пишува Фокус.

Покрај реакциите на многумина, реагираше и ВМРО-ДПМНЕ, од каде првата реакција беше барање на реципроцитет, односно отворање на клубови за Македонците во Бугарија. Прв кој директно го искоментира ликот и делото на Ванчо Михајлов беше генералниот секретар на партијата, Ѓоргија Сајкоски кој при посета на Ресен, Михајлов го нараче докажан поддржувач на фашизмот и негатор на на македонската нација.

Но, токму ВМРО-ДПМНЕ на чело со претходниот лидер, Никола Груевски го славеше истиот тој Ванчо Михајлов и сечеше црвени ленти на отворање музеи со негови восочни фигури. На крајот на 2014 година, тогашниот премиер Груевски и тогашната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска пресекоа црвена лента на Музејот на дејците на ВМРО од Штип и Штипско во штипско Ново Село. Во овој музеј има и восочна фигура на Ванчо Михајлов, пишува Фокус. На настанот пристустваа и тогашниот градоначалник на Штип, Илчо Захариев и Влатко Ѓорчев.

Тогаш Груевски изјави дека Ново Село е легенда за историјата на Македонија и како ретко кое место во земјава има родено дејци и револуционери кои придонеле за развојот на историјата.

Штипската населба Ново Село има богато историско минато, оттаму почнува развојот на Штип, а тука учителствувал и македонскиот револуционер, Гоце Делчев. Во Ново Село се родени Михајло Апостолски, Тодор Александров и најконтроверзниот, Иван Ванчо Михајлов, наречен и Радко.

Извор: Центар.мк

Next Post
фото: МИА

Настанот во Битола ги разбуди духовите од минатото, ниедна од страните не смее да прави чекори назад за да не се наштети долгорочно на односите Скопје-Софија

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk