пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Најновите изјави од бугарскиот претседател Радев се чиста навреда на целата македонска нација.
„Обидот на политичарите во Република Северна Македонија да изградат идентитет врз основа на фалсификатите на Комунистичката интернационала, а не на историската вистина е спротивно на интересите на граѓаните на Република Северна Македонија кои навистина сакаат членство во ЕУ, вели Радев.
Внимавајте, говориме за претседател на држава членка на НАТО и ЕУ, што те негира како народ. Она од Петков, со „Ванчо Михаилов“ во Битола, беше провокација. Не знам како појасно? Ова се оние моменти кои најлогично ми велат – да не се трошиме повеќе со нив. Нема нормален соговорник од другата страна другари.
Намерно провоцираат за да подгреат атмосфера, па после ќе кодошат во ЕУ. Многу бугарски ви е финтата „браќа” би рекол. Не ми текнува како ги викавме таквите на училиште, ама не беше нешто убаво и никој не ги сакаше.
Во сред сите маки и повторно возобновување на политичкиот дијалог излегува Радев и ти вели – ти си измислена народ, во заблуда си, те лажеле политичарите.
И како сега со таков човек треба да седнеш на иста маса и да преговараш и разговараш за добрососедство.
За тоа ЕУ што ги толерира во сета оваа приказна, што да кажам. Што?!
Така, нивната инертност, ни криви ни должни од страсни еврофили нè прават евроскептици. Ви текнува ли што ви зборувам мои европски пријателчиња?
Само една мала паралела.
Ова со Бугарија нема благе везе со спорот шо го имавме со Грција. Таму имаше широко отворено политичко поле и простор за компромиси. И, мудро се изигра. Со овие бре, е невозможно. Едноставно те мразат како народ, те негираат што си. Не сакаат ни да пркниш, а не нешто повеќе. Најверојатно, зашто, колку си повеќе во нивна близина ги потсеќаш што гнаси биле за време на втора светска, не дека се сега нешто поразлични.
Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани