ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими од Вашингтон: Северна Македонија ке може да користи средства по поволни услови

April 22, 2022 13:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Република Северна Македонија упати барање до Меѓународниот монетарен фонд за користење на двегодишна линија за претпазливост и ликвидност. Оваа кредитна линија е достапна за земјите-членки со здрави економски основи, а се користи за ситуации кога има неизвесност како што е во моментов економската криза како резултат на инфлацијата и енергетската криза особено по војната во Украина, најави министерот за финансии Фатмир Бесими, кој во Вашингтон учествува на Пролетните средби на ММФ и Светската банка.

– ММФ минатата недела не квалификува како земја која може да користи таква кредитна линија, што е исклучително позитивен резултат во однос на нашата позиција, како земја, во финансиските пазари. Тоа значително ја менува нашата ситуација на пазарот во поволност на нашата економија, со оглед на тоа дека сега заради инфлаторните очекувања каматните стапки се зголемени на финансиските пазари. Оваа линија за да се процесира ќе следи официјален процес на барање, вели во интервју за Сител министерот Бесими.
Тој потенцира дека во следниот период ќе има Мисија на ММФ во земјава при што ќе се дефинираат деталите за искористување на програмата. Бесими притоа информира дека каматната стапка ќе изнесува околу еден процент и е исклучително пониска од онаа која е во моментов за издавање еврообврзница на меѓународните финансиските пазари.

– Ова се значително поповолни услови за нас, во смисла на искористување на овие средства за поддршка на буџетот. Воедно дел од средствата од оваа програма се користат за претпазливост, што значи дека ние ги имаме тие средства, но не ги користиме туку ни служат за зајакнување на нашата позиција на финансиските пазари“, прецизира Бесими.
Оваа кредитна линија достапна за земјите-членки со здрави економски основи, политички рамки и политики, според него, може да помогне во заштита на економиите од надворешни шокови преку обезбедување однапред пристап до ресурсите на ММФ. Во однос на ребалансот, Бесими најави дека дополнително ќе се скратат непродуктивните трошоци. /МИА/
Next Post

Кузеска: Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ повлекуваат и политичка одговорност од Мицкоски, време е за оставка

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk