ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Усогласувањето со ЕУ и НАТО за војната во Украина нé стави на вистинската страна на историјата

April 26, 2022 15:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Северна Македонија како земја членка на НАТО целосно ја усогласи својата надворешна политика со Европската Унија. Ги донесовме сите одлуки усогласени со земјите членки на НАТО и на ЕУ, бидејќи сметаме дека е од особена важност во време на воена криза од вакви размери сите држави сојузници да делуваат обединето и ја даваат својата поддршка на Украина“, истакна премиерот Димитар Ковачевски на денешната тематска владина седница на која беа промовирани постигнувањата во рамките на 100 дена мандат на новата Влада.
Ковачевски посочи дека како земја-членка на НАТО заедно со ЕУ сме обединети во одговорот силно осудувајќи ја воената агресија на Русија, која е неиспровицирана, неоправдана и сериозно кршење на меѓународното право и искажувајќи поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Тој оцени дека војната во Украина, во пракса покажа колку за нашата земја е важно членството во НАТО, безбедноста и сигурноста на државата е загарантирана и стабилна, а нашата Армија ги развива капацитетите и постигнува високи резултати.

Ковачевски додаде дека во рамките на вежбата „Блесок 22“, лесниот пешадиски баталјон на Првата пешадиска бригада, беше оценет како „борбено способен за извршување на своите задачи“ во согласност со највисоките стандарди на НАТО.

Согласно НАТО стандардите продолжуваат и вложувањата во подобри услови за секој припадник на Армијата. Исто така во изминатите три месеци тековно се реализираа и финализираа поголем број на капитални инвестиции во објекти на Армијата.

„Ставен е во потполна оперативна готовност системот за интегрирана против-воздушна и ракетна одбрана на НАТО. Министерката за одбрана застана на чело на Координативното тело за учество на Северна Македонија во системот на НАТО за одговор на кризи чија задача е координација со домашните институции и сојузниците во Северноатлантската Алијанса за справување со моменталната криза на европско тло, одвраќање и оневозможување на прелевање на конфликтот на територија на земјите членки на НАТО“, рече Ковачевски во своето експозе по повод достигнувањата за време на 100 дена Влада, посебно нагласувајќи дека за време на целиот овој период во услови на руска инвазија врз Украина и нарушена европска безбедност, Северна Македонија застана на вистинската страна на историјата.

Тој нагласи дека за време на украинската војна, успешно беа решени прашања кои се отворија, а се однесуваа на мапирање и евакуација на 90 % наши државјани и нивните семејства од Украина. Воедно, брзо и ефикасно беше овозможена поддршка за сите украински граѓани кои побараа прибежиште кај своите пријатели или семејства во Северна Македонија. „Подготвеноста за евентуален бегалски бран е неспорна и државата веќе донесе одлуки на оваа тема. Ние сме подготвени да дадеме поддршка и во оваа смисла. Бидејќи Северна Македонија е земја на солидарност“, нагласи Ковачевски.

Ковачевски посочи дека во тесна соработка со НАТО и меѓународните мировни организации, Северна Македонија прифати вкупно 793 авганистански државјани за кои потоа беше обезбедена неопходната логистика за да бидат префрлени на нивните трајни дестинации.

Во рамки на прашањата за надворешната политика на државата, на денешната тематска седница, каде членовите на Владата ги презентираа постигнувањата, беше истакнато и дека од голем број наши државјани позитивно беше оценето унапредувањето на проектот Мобилни станици, при што беа инсталирани и ставени во употреба девет базни и пет мобилни станици, директно поврзани преку Министерството за надворешни работи со Министерството за внатрешни работи, за овозможување вадење на патна исправа во скратен период од три до четири недели, наместо шест месеци колку што беше потребно претходно.

„Војната во Украина покажа дека политиката на отворени врати на НАТО беше историски успех, кој обезбедува траен мир и безбедност на целиот европски континент. Аналогно на тоа, сметаме дека проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја консолидира демократијата, и затоа на сите форуми и средби со нашите меѓународни сојузници и партнери истакнуваме дека е од исклучителна важност за Северна Македонија да започне преговори за пристапување во ЕУ. Без натамошни одложувања“, рече Ковачевски во рамки на претставувањето на постигнувањата на Владата за време на 100-те дена, акцентирајќи дека со нашите партнери од Унијата сме усогласени и го делиме ставот дека проширувањето со Западен Балкан како никогаш досега е геостратешко прашање.

Посочувајќи ги мерките и политиките кои оваа Влада ги донесе во првите три месеци, Ковачевски го истакна активното работење на превод на правото на ЕУ, неопходните усогласувања со националното законодавство и други документи.

„Активно работиме и на придонесот кон годишниот Извештај на Европската комисија за земјата, при што сите доставени документи од надлежните институции за точно 39 поглавја, согласно новата методологија на Европската комисија (ЕК) се проверени, доработени и компилирани и по одобрување од Владата ќе бидат доставени до ЕК“, заклучи Ковачевски, на тематската седница на која заедно со министрите ги претстави остварувањата на Владата во првите 100 дена.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Членови на СОНК протестираат пред седиштето на синдикатот

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk