Од утре ќе штрајкуваат вработените во Управата за водење матични книги, објави Независниот синдикат на оваа институција. Сè додека трае штрајкот нема да се издаваат изводи од матичната книга на родени, венчани и умрени, се вели во најавата.
На социјаната мрежа Твитер во врска со оваа најава, пишуваат дека активисти од ВМРО-ДПМНЕ што се членови на синдикатот, стојат позади овој штрајк.
Тони Милошески, активистот на ВМРО-ДПМНЕ кој е во синдикатот на Управата за водење на матични книги по наредба на ВМРО-ДПМНЕ предизвикува нов штрајк за дестабилизација на државата. Значи периодот да очекуваме да се појавува пожар предизвикан од ВМРО-ДПМНЕ во секоја институција. pic.twitter.com/NCpXRWUtkj
— Рампо (@Levkataa) April 26, 2022
„Тони Милошески, активистот на ВМРО-ДПМНЕ кој е во синдикатот на Управата за водење на матични книги по наредба на ВМРО-ДПМНЕ предизвикува нов штрајк за дестабилизација на државата. Значи периодот да очекуваме да се појавува пожар предизвикан од ВМРО-ДПМНЕ во секоја институција“, се наведува во објавата на @Levkataa.
Во недостаток на социјален дијалог ова е единствениот пат за достоинствено вреднување на нашиот труд, се наведува во објавата на Фејсбук од Независниот синдикат на Управата за водење матични книги.