ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Ковачевски: Приоритетите се транзиција кон зелена енергија и стабилно и трајно снабдување со енергенси

April 29, 2022 13:25
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски на Форумот 100 дена Влада, во сесијата прашања и одговори се осврна на еден од приоритетите во изминатиот период односно на инвестициите во нови капацитети за производство на електрична енергија од чиста зелена енергија.

„Ова е прашање кое ја преокупира не само нашата Влада туку е клучна тема и на ниво на ЕУ и на земјите кои претендираат да станат членки на ЕУ. Оваа криза која започна како енергетска криза минатата година која што продолжи како уште повеќе засилена енергетска криза заради воената инвазија на Русија врз Украина, покрај тоа што ги зголеми цените на електричната енергија и ги исправи државите да мора да спроведат мерки кои нема дозволат ценовен шок за граѓаните, предизвика уште една многу важна тема, а тоа е енергетска транзиција и диверзификација на изворите на снабдување со енергенси“, истакна Ковачевски. ж

Ковачевски нагласи дека на овој план државата ја спроведува Стратегијата за транзиција на енергетскиот сектор, којашто во основа значи транзиција кон обновливи извори на енергија.

„За таа цел веќе ја пуштивме во пробна работа фотонапонската централа од 10 мегавати на старите наоѓалишта на јаглен во Осломеј. Таму веќе имаме потпишано договори на основа на јавно приватно партнерство со партнер од Турција, ФОРТИС компанијата за дополнителни 50 мегавати, проектирањето е практично во финална фаза и уште 50 мегавати со уште една компанија „Солопро“ на иста основа за дополнителни 50 мегавати. Дополнително ЕСМ, државната компанија, ќе гради уште 10 мегавати на истиот простор со што ќе имаме 120 мегавати производство на чиста енергија на стари наоѓалишта на јаглен наместо 120 мегавати кои што во моментов ги имаме од РЕК Осломеј, загадувачка црна енергија од јаглен“, посочи премиерот Ковачевски на Форумот 100 дена од работењето на Владата.

Ковачевски го издвои и Чебрен како монументален историски проект којшто го воделе веројатно сите Влади, кој за прв пат се наоѓа во втора фаза.

Премиерот Ковачевски на Форумот 100 дена Влада ги издвои и проектот за 200 мегавати во РЕК Битола кој исто така ќе биде финансиран со нашите мултилатерални стратешки инвеститори, како проектите за фотонапонски и ветерни електро централи.

„Дополнително веќе ја отпочнавме изградбата на далноводот Битола – Елбасан што значи поврзување со единствената држава со која немавме поврзување со 400 киловолтен далновод тоа е Албанија и со тоа сме држава која непречено може да ја транспортира енергија преку својата територија и од Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија и да се градат дополнителни капацитети кои ќе можат да бидат продавани“, рече Ковачевски.

Next Post

Мурињо: Нема да биде лесно на реваншот со Лестер дури и со 70.000 наши навивачи

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk