ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Организацијата на резервни офицери е пример и промотор на евроатлантските вредности

April 29, 2022 21:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ослободени сме од дневните етнички, партиски, соседски, медиумски и друг вид на притисоци. Заедно, Министерството за одбрана со вас како организација работиме за доближување, остварување и интегрирање, а не за изолирање на евроатлантските интереси на државата. Тоа го правиме со постојано балансирање и толерирање на наднационална, надетничка, надпартиска активност со едноставна цел за справување со секојдневните предизвици во работењето, со постојана грижа за безбедноста, мирот и одбраната на граѓаните од сите видови на загрозување и секако остварување на нивните слободи и права. Ова вечерва го соопшти министерката за одбрана Славјанка Петровска на свечената академија по повод 70 години од основањето на Организацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија, jaвува МИА.

-И затоа во Армијата се вклучени сите заедници, обединети во едно, се со цел да се гради вистински патриотизам. Најсигурниот начин да се обезбедиме од опасностите од конфликтите е со нашата колективна сплотеност по сите прашања и во сите нешта што се однесуваат на секојдневниот живот од економската, политичката, воената и сите останати општествени сфери од живеењето, рече министерката за одбрана.

Петровска потсети на формирањето на Здружението на резервни офицери на Македонија, на развојните фази низ кои поминала денешната Организација на резервни офицери.

-Денес резервните офицери ги реализираат НАТО-плановите за помалите држави да имаат помала, но поефикасна воена сила и да има се поголема цивилна контрола на војската зошто и нашата општествена улога е воена, но повеќе е и цивилна со секојдневно извршување на цивилните професии во граѓанското општество, рече Петровска. Додаде дека дејствувањето на резервните офицери како организација секогаш е обединувачко.

Петровска нагласи дека Организацијата на резервни офицери е пример за модерно дејстување и промотор на евроатлантските вредности и современото разбирање за улогата во општество. Посочи на улогата на резервните офицери кои, како што рече, се цврста врска, мост меѓу военото и цивилното, покрај военото искуство, резервните офицери даваат голем придонес и со нивната цивилна стручност и професија.

Министерката Петровска изрази сочуство до семејството и колегите на прерано починатиот Тони Петрески од Министерствотото за одбрана.

На свечената академија јубилејни плакети од Организацијата добија претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на ГШ на Армијата Васко Ѓурчиновски…

Next Post
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Ангеловски: МВР и овој празничен викенд ќе има засилени сообраќајни контроли

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk