пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Христијан Мицкоски со неговите последни изјави, а во време на политичка немоќ, очај и интелектуална инфериорност да се справи со настаните и политиките, посегнува по една веќе видена реторика. Како и неговиот претходник и патрон Груевски, Мицкоски сега со закани со преземање „сериозни чекори“, со повикување на народот да дојдел по своето, со аларм, со порака до меѓународната заедница…
И неговиот патрон Никола Груевски во јуни 2016 година се закануваше и повикуваше дека не можел да го спречи народот да преземе во свои раце.
Груевски во своето обраќање пред неговите сопартијци, по повод 26. роденден на партијата, во јуни 2016 година порача дека „народот вриел“ и се повеќе граѓани од него барале поддршка за конкретна акција.
„Народот врие и во еден момент може да му дојде преку глава и да влеземе во фаза која нема да e добра за земјата“, се закани Груевски во јуни 2016 година.
Потоа, нели, следуваа странски служби, „жолтите комбиња“, Сорос, ноќ на ножевите. Се сеќавате што се случи потоа во Собранието.
Што прави сега Мицкоски со истите мантри?
Какви се тие закани, аларми и преземања на сериозни чекори?
Последниот пат кога врхушката на ВМРО-ДПМНЕ употребуваше ваква реторика – „во името на народот“, завршивме со крвавиот 27 април. Завршивме со влез на маскирани крвници кои пролеаа крв, со влечење и тепање на пратеници и новинари до смрт! Завршивме со убиство на демократијата.
Какво сценарио ни спремаат овојпат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ?!