ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

На пет различни начини ќе се прави трансфер на вработени од јавна администрација во приватен сектор

Имаме предлог за преквалификација за внатрешни потреби. Дел од функционалните анализи не се да покажат само вишоци, туку и одредени недостатоци на кадар што ги имаме, рече Манчевски.

January 17, 2020 16:28
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на прес-конференција ги претстави петте механизми, предлози, пакети за кои денеска разговарале со претставниците на Стопанските комори и Синдикатите за трансфер на дел од вработените од јавен во приватен сектор, под одредени услови.

– Едниот предлог е трансфер на Имаме предлог за преквалификација за внатрешни потреби. Дел од функционалните анализи не се да покажат само вишоци, туку и одредени недостатоци на кадар што ги имаме, рече Манчевски. вработените од јавен во приватен сектор, со тоа што приватната фирма би понудила повисока плата за вработените, а државата во одреден временски период би ги плаќала придонесите за тој соодветен вработен. Пакети за преквалификација на вработените од јавниот во приватниот сектор, согласно потребите кои би ни ги доставиле претставниците на приватниот сектор, на Стопанските коморите, но и од Агенцијата за вработување. Преквалификација согласно она што е потребата на пазарот на трудот во приватниот сектор и трошокот за оваа преквалификација да биде на страна на државата, рече Манчевски.

Третиот пакет за кој се разговарало е отпремнина. – По своја волја, вработени кои сакаат да го напуштат јавниот сектор да понудиме одредена атрактивна отпремнина со цел тие своеволно евентуално го напуштат јавниот сектор. Имаме предлог за преквалификација за внатрешни потреби. Дел од функционалните анализи не се да покажат само вишоци, туку и одредени недостатоци на кадар што ги имаме, рече Манчевски. Посочи дека имаат идентификувано недостиг на одредени кадри и најави дека ќе се обидат со преквалификација и со внатрешна реорганизација да ги пополнат овие недостатоци.

Министерот Манчевски информира дека дискутирале и за некој друг вид јавно-приватни партнерстви, кои доаѓаат како предлог од другите партнери во овој дијалог и треба дополнително да се доразработи.

– Она што денеска беше заклучено е дека треба да продолжиме со разговорите. Ние целосно да ги вклучиме и да ги презентираме резултатите од функционалните анализи во моментот кога ќе ги собереме сите, од сите 1.300 институции. Ќе бидат презентирани на претставниците на Синдикатите и на Стопанските комори. Од нивна страна ги побаравме и договоривме одредени конкретни рокови, да достават во вид на конкретни анализи за потребите на пазарот на трудот во приватниот сектор со што би можеле да влеземе и со една понуда кон вработените во јавниот сектор се со цел да се зголеми ефикасноста на јавниот сектор, вели Манчевски. Додаде дека во следниот период се отворени за разговори и за дополнителни предлози кои може да дојдат од било која страна.

Тој изрази надеж дека за околу еден месец од сега ќе може да разговараат за конкретни резултати од овие анализи, кои би биле презентирани пред заинтересираните страни и јавноста.

Одговарајќи на новинарско прашање, Манчевски рече дека се можни измени на закони и подзаконски акти.

Next Post

Уништен видиковецот на врвот на Водно

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk