Не, ова не е дувлото на д-р Зло, ова е само уште еден ден на руската државна телевизија. Тие подготвуваат заговор да го прекинат снабдувањето на Украина со сопствените култури и да ја испратат својата пченка во Кина, и планираат тајно да ги идентификуваат ранливите места на Америка, принудувајќи нè да преговараме со Русија според нивните услови, пишува на својот Твитер профил, Џулија Дејвис, колумнистка во TheDailyBeast и креаторка на Russian Media Monitor.
Во емисијата „Вечер со Владимир Соловјев“, кој е страсен приврзаник на политиките на Путин гостуваа повеќе соговорници, меѓу кои и политикологот и доктор на науки, Дмитриј Евстафиев.
No, this is not Dr. Evil’s lair, just another day on Russian state TV. They are plotting to cut off Ukraine’s supply to its own crops and sending their corn to China, and scheming to covertly identify America’s vulnerable spots, forcing us to negotiate with Russia on their terms. pic.twitter.com/KnevyjB3NZ
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) May 2, 2022
„Ќе ја отсечеме Поранешната Советска република Украина од Црно Море, од земјоделските површини, житните полиња. Тоа е најопасната работа. А секако и од пченката. И уште нешто треба да сториме. Трeба да наjдеме ефективни точки на ранливост за Американците. Треба да ги смислиме и да не ги кажуваме јавно. Но треба да ги идентификуваме и притиснеме….Tреба да ги натераме да преговаат по наши, а не по нивни услови, вели меѓудругото Евстафиев.
И. З.