ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Помина времето на партизираната администрација, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека реформите во одбраната се на прав пат

Помина времето кога сите кои мислеа поинаку беа повикувани на разговор од партиски поставените раководители за да бидат предупредени да не учествуваат на протести надвор од работното време со закани дека службената оценка ќе им биде намалена или дека ќе бидат казнети по друг основ. Тоа помина и нема да се врати.

January 17, 2020 18:21
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Очигледна е нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ предизвикана од постигнатиот успех на сегашното раководство на МО, зголемените плати и стандард на припадниците на Армијата, и обезбеденото членство во НАТО за кое ВМРО ДПМНЕ 11 години не мрдна со прст, реагираат од СДСМ.

Помина времето кога лицата ангажирани по договор добивале повици од партиските јуришници на ВМРО со барања и условувања со пристапница кон ВМРО-ДПМНЕ и список со 10 загарнатирани гласачи за да бидат вработени, а оние кои не прифаќале добивале отказ.

Помина времето на ВМРО-ДПМНЕ кога елементарен критериум за напредување во министерството беше партиската припадност додека оние, кои се сметаа за симпатизери на други опции, безмислосно се деградираа и распоредуваа на други, пониски и несоодветни работни позиции за што сведочат и подоцнежни судски пресуди.

Помина времето на Јолевски кога главен фактор во министерството беше ликовен критичар, а раководителите педагози. Помина времето кога Министерството служеше како параван за склучување на штетни договори и агенција за организирање на туристички патувања на Министерот и неговите блиски во странство, најмногу во САД каде се организираа и концерти на естрадни уметници – на сметка на МО.

Помина времето кога сите кои мислеа поинаку беа повикувани на разговор од партиски поставените раководители за да бидат предупредени да не учествуваат на протести надвор од работното време со закани дека службената оценка ќе им биде намалена или дека ќе бидат казнети по друг основ. Тоа помина и нема да се врати.

Партизацијата на институциите и администрацијата беше апсолутен симбол на 11 годишното режимско владеење на опозицијата, кога вработените во администрацијата беа користени исклучиво за партиски цели.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се ослободи од груевистичката матрица и не може да се помири со фактот дека денес институциите функционираат професионално, без притисоци, уцени и закани.

Граѓаните многу добро се сеќаваат на режимското криминално владеење на опозицијата, селективните и исклучиво партиски вработувања и затоа на 12 април јасно ќе порачаат – режим никогаш повеќе, велат од СДСМ.

Next Post

Герберих: Има добри изгледи за започнување со пристапни преговори пред самитот во Загреб

Shortcut

Најново

Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

November 25, 2026
Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk