Андреј Никулин: Нивната цел е нова Јалта, нов „варшавски блок“, нови колонии за „старата голема Русија“, пишува Kasparov.ru.
„Победата над Украина“, за која сонува императорот, не е крај на кампањата и крвопролевањето, ова е само нејзиниот почеток.
Ваквите насилни обиди за потчинување на соседна држава се поврзани со фактот дека само контролата врз неа, нејзиното население и ресурси може да даде билет за продолжување на војната, веќе со паневропски или светски размери.
Тезата што ја подметна Бжежински цврсто се заглави во главите на сонувачите од Кремљ – без Украина нема империја, без империја нема благородна војна за да се одмаздиме за имагинарните навреди и да ги вратиме сите што се осмелиле да побегнат од под царската чизма. без оваа војна нема големина и посакувана „нова Јалта“ со прераспределба на светот.
Но тие се заглавија веќе во првата фаза од планот, како што претпоставуваа авторите – најлесната, но немаат намера да се откажат. Имаат само една цел – нова Јалта, нов „варшавски блок“, нов „СЕВ“, нови колонии за „старата Голема Русија“.
„Кремљскиот дијамант и гениј на сите времиња“ смета дека поинаквата поставеност е несоодветна за него и ги понижува неговите историски размери и големина. Само империја, само хардкор.
Превод: Жорж Димовски













































































































