ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Зошто ќе биде поразена алуминиум коалицијата против Преспанскиот договор и иднината?

Настрана мокрите сништа на МВРО-ДПМНЕ и Николоски, кои сепак, имаат реални гласачи, богата партија, инфраструктура, пропагандна машина, многу „донирани“ пари, милиони од ДИК... па може и да сонуваат. Покрај нив и други вистински партии, се јавил и „левичарот“ Апасиев,  вели, ќе освоел 5 пратеници и веќе прави планови за власт - ќе правел коалиција само со партија која ќе го поништи Преспанскиот договор. Е па, ајде да видиме како стои оваа алуминиум-коалиција, карши реалноста на бројките и темата „Преспански договор“. 

January 18, 2020 08:00
in ФРОНТ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Власта и опозицијата ги вкрстија копјата повторно во битка за Преспанскиот договор. „Спорот со името“, како и многу изборни циклуси наназад, иако решен на начин што ги штити македонскиот народ, јазик и идентитет и ги отвора перспективите за Македонците и за сите други граѓани на земјава, само поради гола борба за власт на националистите кои знаат дека не можат да сменат ништо, ќе биде пак тема број 1 и на овие избори.

Најилустративно тоа го најави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски, кој со препознатлив радикализам и нереален оптимизам, побара од гласачите 81 пратеник за промена на Преспанскиот договор, воедно изразувајќи сигурност дека неговата партија, која стана најбогата во Европа по само 10 години на власт, ќе освои 61 пратеник.

Туку, настрана мокрите сништа на МВРО-ДПМНЕ и Николоски, кои сепак, имаат реални гласачи, богата партија, инфраструктура, пропагандна машина, многу „донирани“ пари, милиони од ДИК… па може и да сонуваат. Покрај нив и други вистински партии, се јавил и „левичарот“ Апасиев,  вели, ќе освоел 5 пратеници и веќе прави планови за власт – ќе правел коалиција само со партија која ќе го поништи Преспанскиот договор.

Е па, ајде да видиме како стои оваа алуминиум-коалиција, карши реалноста на бројките и темата „Преспански договор“.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица, пред Преспанскиот, на Парламентарните избори во 2016 година, освоија заедно над 465.000 гласови. Референдумот во 2018-та го бојкотираа. Избегаа кукавички и се криеја зад „милионот“ кој, демек не излегол на гласање. Сепак, реалноста стигна година дена подоцна, кога првпат ја пребројаа заедничката поддршка кај гласачите и против Преспанскиот договор, на претседателските избори 2019, кога заедно застанаа зад Гога Сорос. Заедно, освоија 377.400 гласови. Скоро 90.000 гласови помалку од 2016-та.

Ете толку гласови отприлика „чини“ борбата против Преспанскиот договор кој, јасно му е тоа и на корумпираниот врв на ВМРО-ДПМНЕ, не може да се смени. Но, може да се злоупотребува во пропагандни цели.  Оттука и кокетирањето на ВМРО-ДПМНЕ со него, ем ќе го менува, ем го „поткрепјава“, бил „политичка реалност“, се потпишуваат документи, се давааат изјави со „Северна Македонија“… Конструктивни сигнали, наменети за странците и за „неутралната“ публика.

Туку, да се вратиме на Апасиев. Вели, ќе добиел 5-6 пратеника?  Замислете го тој делириум. Човечето ни 1.000 потписи не може да собере за регистрацијата на пајтон-партијата. Не може да собере ни 20 души на пленум со 5 ѕвезди во Буши. Кога не се „шлепа“ на општи протести и излегува со Левица сам, ни 50 души не му доаѓаат на улица. Срам и блам.

Не знам дали Апасиев знае дека на избори се бројат луѓе и гласови, а не ботови и лајкови. Па затоа он и Левица земаат 300.000 евра, а големите партии милиони од буџетот. Арно ама, поранешниот советник на Катица Јанева си мисли дека му е добар плукачкиот фазон со „северџаните“ , не толку за иднината на неговиот народ, членство, за сиромашните, колку за неговата лична иднина, за уште повисоки дострели, фотелји, буџети, хонорари…

Ете така стои отприлика со бројките, ниетот и капацитетот оваа алуминиум – коалиција, која запнала да се бори против нашата иднина. Колку што гледаме, „борбата“ против Преспанскиот договор, против НАТО, ЕУ, против еднаквоста и различностите во земјата, плукањето, хејтањето, омразата, досега ги чинеле 90.000 гласови.  Само нека продолжат. Уште полошо ќе поминат на изборите на 12 април.

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.
Next Post

Сончево со умерена облачност и магла во котлините

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk