Дроновите Bayraktar TB2 досега „запишаа на својата сметка“ 4 десантни чамци „Раптор“.
Морнарицата на вооружените сили на Украина прикажа ново видео од уништувањето на уште два руски десантни чамци „Раптор“, јавува украински Дифенс експрес.
Во пораката до видеото од морнарицата се наведува: “Змијски остров, точката од која нема враќање за Русите“, а исто така се наведува дека нападот на чамците бил нанесен од Bayraktar TB2.
Веднаш треба да се забележи дека епизодата со уништувањето на чамците „Раптор“, која беше објавена на 8 мај, е сосема слична на онаа што беше објавена на 2 април. Особено, тие се совпаѓаат: типот на целта, бројот и средствата за уништување.
Two Russian Navy Project 03160 ‘Raptor’ patrol boats were struck by #BayraktarTB2 UCAVs near Snake Island. pic.twitter.com/vVivKUiXNv
— Clash Report (@clashreport) May 2, 2022
Во втората епизода, исто така, јасно е дека високопрецизната ракета МАМ-Л (Mini Akıllı Mühimmat или “smart micro munition”), била користена за уништување. Така, Bayraktar TB2 веќе има погодено четири десатни чамци Раптор и еден брод Сарна, а тоа се само познати епизоди во јавноста.
Треба да се забележи дека десатниот чамец „Раптор“ е многу скап. Чини 2,1 милиони долари по единица, дизајниран е за превезување до 20 маринци и има домет од 300 милји и максимална брзина од 48 јазли.
Превод: Жорж Димовски