Русија троши 900 милиони долари дневно за војната со Украина. Оваа сума вклучува исплати на војниците, обезбедување муниција, како и трошоци за поправка на изгубена или оштетена воена опрема. Ова го објави Newsweek, пренесува Думскаја нет.
Приближната цена на еден ден од војната за Русија ја пресмета главниот уредник на Sofrep, Шон Спунтс.
Според него, меѓу другото, Русија треба да плати за илјадници критични оружја и лансирани крстосувачки ракети, „од кои секоја чини околу 1,5 милиони долари“.
Забележано е дека овие бројки ги вклучуваат само воените расходи и не ги земаат предвид финансиските загуби направени во Русија во врска со економските санкции. Белата куќа претходно соопшти дека санкциите би можеле да останат во сила, дури и ако Русија ги повлече своите војници од Украина.
Превод: Жорж Димовски