ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Богоевски за Фронтлајн: Предвремени избори значат валкани кампањи и нефункционално Собрание

Разбирливи и легитимни се желбите и тенденцијата на секоја опозиција да работи кон изборна победа и доаѓање на власт. Но, тоа да се прави преку уцени и условувања, преку држење во заложништво на државните институции во услови кога тие им се најпотребни на граѓаните - во најмала рака е некоректно, па дури и опасно и мошне штетно за граѓаните и државата во целост, потенцира Богоевски

May 10, 2022 12:30
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предвремени избори значат долги и валкани кампањи и дополнително влошување на односите меѓу главните политички чинители. Во однос на барањето на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски за лидерска средба на која би се разговарало исклучиво за предвремени парламентарни избори, треба да разликуваме три одделни аспекти, изјави за ФРОНТЛАЈН поранешниот пратеник и активист Павле Богоевски.

Богоевски истакна дека сега, повеќе од кога било претходно, на Македонија ѝ требаат обединети власт и опозиција, како и неблокирани и функционални институции кои ќе можат навремено да реагираат на најновите светски закани и трендови и поради тоа, квалитетниот меѓупартиски дијалог е од клучна важност за успехот во ублажувањето на последиците од светската криза.

Дали има воопшто потреба од лидерска средба? Дефинитивно има. Во услови на глобална епидемиолошка, енергетска, економска и безбедносна криза, брзината и адекватноста на чекорите кои ќе ги преземат институциите се од клучно значење за интензитетот на последиците и шоковите врз македонските граѓани. Сега, повеќе од кога било претходно, на Македонија и’ требаат обединети власт и опозиција, како и неблокирани и функционални институции кои ќе можат навремено да реагираат на најновите светски закани и трендови и поради тоа, квалитетниот меѓупартиски дијалог е од клучна важност за успехот во ублажувањето на последиците од светската криза, рече Богоевски.

Тој вели дека изборите значат и нефункционално Собрание и ефективно блокирање на голем број државни функции во период од повеќе месеци.

Второ, дали нам во овој момент, навистина ни се потребни предвремени избори? Избори значат долги и валкани кампањи, дополнително влошување на односите моеѓу главните политички чинители, нефункционално Собрание и ефективно блокирање на голем број државни функции во период од повеќе месеци. Тоа пак, ќе значи неможност за навремено реагирање и корегирање на последиците од кризата, а товарот од тоа ќе падне на самите граѓани. Северна Македонија во овој момент не може и не смее да си го дозволи тоа, рече Богоевски.

Богоевски потенцираше дека разбирливи и легитимни се желбите и тенденцијата на секоја опозиција да работи кон изборна победа и доаѓање на власт. Но, тоа да се прави преку уцени и условувања, преку држење во заложништво на државните институции во услови кога тие им се најпотребни на граѓаните – во најмала рака е некоректно, па дури и опасно и мошне штетно за граѓаните и државата во целост.

И трето, дали начинот на кој опозицијата ја бара лидерската средба, односно преку условувања, уцени и закани со блокади на институции е легитимен, па дури и коректен начин на барање политички дијалог? Ни најмалку. Разбирливи и легитимни се желбите и тенденцијата на секоја опозиција да работи кон изборна победа и доаѓање на власт. Но, тоа да се прави преку уцени и условувања, преку држење во заложништво на државните институции во услови кога тие им се најпотребни на граѓаните – во најмала рака е некоректно, па дури и опасно и мошне штетно за граѓаните и државата во целост. Сега е време кога е потребен фокус на реалните проблеми, кога е потребно граѓаните да видат континуитет и почуствуваат сигурност во работењето на институциите, а не за реализирање на лични аспирации за власт, дури и по цена на повеќемесечно парализирање на капацитетите на државата поради бараните предвремени избори, рече Богоевски.

ВМРО-ДПМНЕ од денеска почнува активна блокада на Собранието, која ќе трае, како што велат сè до договорот за датум за предвремени парламентарни избори.

Мартина Ацковска

Next Post

Литванскиот парламент ја прогласи Русија за терористичка држава

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk