На 10 мај, 65-годишниот гувернер на Томск Сергеј Жвачкин беше првиот што ја објави својата оставка од функцијата гувернер. Политичарот се осврна на својата респектабилна возраст. Затоа, „мора да им отстапам место на помладите“. Жвачкин владееше со регионот Томск повеќе од 10 години, неговиот втор мандат завршува во есента 2022 година, пренесува украински „ThePage“.
По Жвачкин на 10 мај, уште четворица шефови на региони објавија оставки: губернаторот на Кировската област Игор Васиљев, шефот на регионот Мари Ел Александар Евстифеев, Губернаторот на Саратовската област Валери Радаев
Шефот на Рјазанскиот регион Николај Љубимов изјави дека ќе заврши до крајот на мандатот, но нема да учествува на изборите за гувернер на есен 2022 година.
„Бранот оставки на губернатори на региони, кој порано се сфаќаше како навестување за можна промена и беше поздравен од населението, во сегашната ситуација може да се сфати како доказ за бродолом“, го коментира бранот оставки политикологот Абас Галјамов.
Претходно во руските медиуми циркулираа информации дека изборот на губернатори може да биде суспендиран или откажан поради војната во Украина или санкциите. Медиумите објавија дека неколку губернатори побарале од Кремљ да ги откаже изборите за да заштеди буџетски средства.
Превод: Жорж Димовски