ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

(ВИДЕО) Арсовски: Активна работа, а не активна блокада е она што му треба на Собранието

May 11, 2022 13:24
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На прашањето од ФРОНТЛАЈН –  Кој е ставот на Владата за најновата изјава на црногорскиот премиер Абазовиќ дека се залага за регионалната иницијатива „Отворен Балкан“?, портпаролот Арсовски истакна дека ставот на претседателот на Владата на Црна Гора е за поздравување и почит бидејќи Отворен Балкан носи само придобивки за народите од Западен балкан и ги европеизира државите.

За тоа кои се можните последици од блокадата на ВМРО-ДПМНЕ за работата на Собранието, Арсовски вели дека активна работа, а не активна блокада е она што му треба на Собранието.

Отворен Балкан има политика на постојано отворена врата за земјите од регионот. Ставот на претседателот на Владата на Црна Гора е за поздравување и почит бидејќи Отворен Балкан носи само придобивки за народите од Западен балкан и ги европеизира државите. На самитот на оваа иницијатива кој што ќе се оддржи во јуни во Северна Македонија ќе бидат поканети и лидерите на Црна Гора, Босна и Херцеговина и на Косово, рече Арсовски.

За тоа кои се можните последици од блокадата на работата на Собранието врз економијата и политичката стабилност на земјата?, Аровски потенцираше дека дваесетина квалитетни закони од интерес на граѓаните и државата веќе се блокирани.

Политичарите треба да ги решаваат проблемите, а не да бојкотираат и блокираат. Со блокади не се решаваат проблемите. Дваесетина квалитетни закони од интерес на граѓаните и државата веќе се блокирани. Непопречувани институции и активно вклучување на сите политички субјекти за изнаоѓање на начини за задржување на животниот стандард тоа е што го очекуваат граѓаните.

Арсовски истакна дека активна работа, а не активна блокада е она што му треба на Собранието. Тој додаде дека тоа е местото каде што треба да се носат закони и соодветни решенија за справување со кризата.

Во услови на најголема енергетска криза не треба да има застој во исплатата на плати, пензии и друга финансиска поддршка за граѓаните, приватниот сектор и најпогодените гранки се финансиски поддржани. Се работи на обезбедување доволно енергенси за претстојниот период. Тоа се дел од приоритетите и не се потребни блокади во една вакваа ситуација. Активна работа, а не активна блокада е она што му треба на Собранието. Тоа е местото каде што треба да се носат закони и соодветни решенија за справување со кризата, рече Арсовски.

Владата смета дека е неодговорно да се блокира држава во време на криза. Тоа се ретроградни активности кои што се спротивни на интересите на граѓаните и на државата, изјави Арсовски.

Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа денеска одржаа прес-конференција за 44-та седница на Владата каде беа донесени одлуките дека нема продолжување на учебната година, се укина  одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед и обезбеден е грант за реконструкција и опремување на 50 училишни спортски сали.

Next Post

Хоџа: Земјава не се снабдува со природен гас од гасоводот преку Украина, нема простор за грижа

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk