ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска – Ендрусјак: Вежбата „Swift Rеsponse“ го покажа големиот потенцијал на Криволак

May 12, 2022 17:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска во Министерството за одбрана остварија средба со заменикот командант на копнените сили на САД за Европа и Африка, генерал мајор Петер Ендрусјак, јавува МИА.

Петровска на средбата изразила благодарност за присуството на генералот на досега најголемата вежба „Swift Response 22“ одржана во Република Северна Македонија и задоволство од денешниот приказ и реализација на Армискиот полигон „Криволак“.

Таа најавила дека ќе се продолжи со сериозни инвестиции на овој полигон кој ќе нуди можност за изведување и реализација на различни видови вежбовни активности и на кој може истовремено да се зајакнува интероперативноста помеѓу армиите.

– Продолжуваме со инвестиции во Криволак, во модернизација на опремата, но најважно инвестираме во човечките капацитети во нивна висока мотивација. Овие нешта се високо на агендата на Министерството за одбрана и на Генералштабот, потенцирала министерката Петровска, соопштија од МО.

Петровска ја истакнала улогата на САД како наш стратешки партнер, сојузник и пријател, преку разни иницијативи во одбраната, но и на севкупната политичка поддршка во поглед на членството во НАТО и ЕУ.

Кон крајот на овој месец, информирала, нашите две земји ќе го започнат Стратегискиот дијалог кој опфаќа широк спектар на теми и кој уште повеќе ќе го подигне нивото на соработка.

Генералот Ендрусјак упатил благодарност за поканата и за тоа што денеска беше дел од оваа активност, како и честитки за начинот на кој беше планирана и изведена вежбата. Тој додал дека сето она што се планира за одбраната во поглед на модернизацијата и инвестициите во капацитетите е од особена важност за војниците.

Во однос на АП „Криволак“ потенцирал дека има огромен потенцијал.

Генералот Ѓурчиновски на средбата порачал дека во последнава година и половина многу е направено во поглед на планирањето и реализацијата на вежбата. Ѓурчиновски истакнал дека Министерството и Генералштабот активно работат на приоритетите зацртани согласно плановите за да имаме модерна опрема и војници подготвени и способни да извршуваат НАТО предводени мисии.

Next Post

(ВИДЕО) Заев: Минималната плата, социјалната помош и пензиите мора да одржуваат постојан раст

НАЈНОВО

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски: Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk