Ова се Наталија и нејзините 11-годишни близначки Јана и Јарослав. Кога руската касетна бомба ја погоди железничката станица во Краматорск, Јарослав беше внатре во зградата. Наталија и Јана беа на платформата и чекаа чај што им го понудија волонтери. Тие сега се во Лвив“, пушува на Твитер икраинската новинарка Мирослава Петса.
This is Natalia and her 11-year-old twins Yana and Yaroslav. When Russian cluster bomb struck Kramatorsk train station, Yaroslav was inside the building. Natalia and Yana were on the platform waiting for tea offered by volunteers. They are now in Lviv. Pic by Iryna Zaslavets. pic.twitter.com/ZDYBq25Uvg
— Myroslava Petsa (@myroslavapetsa) May 12, 2022
11 годишниот син, кој успеал за чудо да ги избегне повредите, ги чува мајка си и сестрата близначка осакатени од рускиот проектил. Првото лекарско здружение на Лвив сподели повеќе детали за оваа приказна што го крши срцето, пишува украински „ТЦХ“.
„Ова младо момче созреа и порасна точно во истиот момент, кога рускиот проектил погоди железничка станица во Краматорск. Неговата мајка и сестра близначка, кои останаа на платформата, беа осакатени од експлозијата: жената изгубила една нога, додека девојчето ги изгубило двата долни екстремитети. Сега 11-годишниот Јарослав се грижи за своето семејство, дури и купува намирници во локалната продавница до болницата“, се вели во пораката на Здружението.
Семејството живеело во регионот Доњецк. Биолошкиот татко на децата на Наталија починал пред неколку години, додека нивниот очув се приклучил на украинската војска по руската инвазија. На почетокот на април, Наталија решилс да се евакуира за да ги спаси близнаците од непријателските гранати и куршуми. Семејството брзо се спакувало и отишло до железничката станица Краматорск.
Додека чекале воз, Јана ја замолила мајка си да земе чај што го нудат локалните волонтери на перонот. Јарослав останал внатре во станицата да ги чува торбите. Откако Наталија и нејзината ќерка излегле надвор, железничката станица ја потресла експлозија.
„Наталија сè уште се обвинува себеси. Кога ги отворила очите по експлозијата, се било облеано во крв. Ја видела својата ќерка наведната на земја со двете отсечени нозе. Наталија се обиде да пријде кон своето дете, но не можеше да стане. Кога погледна надолу, сфати дека ѝ ја нема ногата“, се сеќаваат медицинските лица.
Семејството потоа било однесено во Лвив со специјален воз за евакуација. Сега, Наталија и нејзините деца се насмеани, бидејќи конечно се безбедни. Семејството ќе отпатува во САД за да добие најсовремени вештачки екстремитети и да се подложи на рехабилитација.
Подготви: Ј. Ѓорѓиоски