ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Пет отсто ДДВ за струјата до крајот на годината, новото тарифирање ќе биде правично

May 13, 2022 15:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Данокот на додадена вредност (ДДВ) за електричната енергија до крајот на годината ќе остане пет отсто, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Засега, нагласи Битиќи, не може да се каже колкаво ќе биде евентуалното поскапување на струјата.Се уште се прават калкулациите за менување на тарифникот кој, како што напомена вицепремиерот, ќе биде праведен и правичен, според потрошувачката.

Со новиот модел на тарифирање, дециден е Битиќи, најранливите категории граѓани ќе бидат заштитени. За стопанството, пак, со ребалансот на Буџетот се предвидени 67 милиони евра поддршка.

-Во овој момент се прават сите калкулации на менување на тарифникот и тарифата на дефинирање на цената на електричната енергија. Секако, најранливите категории граѓани ќе бидат заштитени со новиот модел на тарифирање. Тие што се најранливи, ќе плаќаат најмалку – тоа нема да значи можеби зголемување, туку намалување на тарифата за најпогодените. Наскоро ќе го видиме моделот. Ќе се направи праведно и правично тарифирање на електирчната енергија, според потрошувачката. Ние сме кажале и стоиме на тоа дека не може и тие кои се на регулиран пазар, а се големи потрошувачи да плаќаат иста, субвенционирана цена како секој друг граѓанин, истакна Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката „Брако“ во Велес.

Тој објасни дека се уште се прават финалните калкулации дали потребата на ЕВН ќе ја обезбеди ЕСМ, дали домашните капацитети за производство се доволни да ја испорачаат енергијата и дали ќе има потреба од увоз. Според законот, потсети Битиќи, ЕСМ треба да обезбеди 60 отсто од потребите на ЕВН.

-ЕСМ го има планот за производство, но не знаеме колкави се побарувањата на ЕВН. ЕВН треба да дојде со проекција, да се стават сите параметри на маса за да може да се одреди колкава е потребата за интервенција, подвлече вицепремиерот./МИА/

Next Post

Шолц го повика Путин да се согласи на прекин на огнот во Украина

Најново

Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

СДСМ бара оставка од Тошковски: Врсничко и семејно насилство, жртви, скандали, убиства и дрога од 5 тони

April 29, 2026

Мицкоски: СДСМ лажеа дека ќе банкротираме, дека ќе дојдат мигранти, дека се блокирани ИПАРД фондовите, за Вајц лажеа и за се беа демантирани

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk