Професорот Саво Климовски е предлог на ВМРО ДПМНЕ за уставен судија. Можеби неговиот научен бекграунд е и прифатлив за власта, но знаејќи ги неговите ставови и неговата блискост, особено со Никола Груевски, неговата кандидатура станува спорна. Климовски беше против сите политички процеси кои државата ја носеа напред. Јавно зборуваше колку бил лош Охридскиот договор и постојано изнесуваше тврдења како тој документ ќе и наштети на државата, но сепак ништо од тоа што го зборуваше не се оствари.
Потоа, професорот Климовски беше и против процесот во Пржино, и одново јавно заплашуваше како државата е загрозена, како државата некој ја продава, ама и тие ставови му испаднаа погрешни.
Во една прилика, Климовски изјави: „Охридскиот договор е наметнат од надвор исто како и Договорот од Пржино. Македонија е во состојба на хаос и општа анархија заради наметната состојба од надвор со Договорот од Пржино. Оние кои ги објавиле прислушуваните разговори, тоа го направиле незаконски и треба да бидат уапсени, но за да се смири состојбата и народот, на Македонија ѝ е потребен нов Устав.“
Сега Климовски сака пратениците во парлементот да ги изгласаат за уставен судија, оние пратеници кои се залагаа и за Охридскиот договор и за процесот Пржино и кои работеа за иднината на државата. Дури Климовски јавно ги обвинуваше дека биле велепредавници што го смениле името на државата и дека, кога-тогаш, ќе мора со нив да се заврши. На кого мислел Климовски? Со овој став тој практично покажа деке е и против Догворот од Преспа кој на државата ѝ ја гарантира европската иднина. Како сега пратениците кои гласаа за Преспанскиот договор, кои работеа на имплементација на Охридскиот и на договорот од Пржино, ќе го изберат Климовски за уставен судија, кога тој во изимнатите 15 години постојано е против државните политики и против делата кои државата ја носат напред?
На крајот, Климовски спаѓа во редот од професорите кои се појавувале на партиски настани и протести и јавно од говорница го величеле делото на Груевски, додека ги промовирале антидржавните ставови.
Д. Е.