Премиерот Оливер Спасовски не очекува застој во носењето на новиот закон за јавно обвинителство, при што порача дека е неопходна соработка на вклучени страни во процесот.
При неговиот престој во Кочани по повод празникот Богојавление – Водици, тој нагласи дека се работи за прашање од висок државен интерес.
– Ќе направиме сè во наредниот период да работиме сите заедно и сметам дека секој од политичките субјекти треба да биде на висина на задачата. Да разговараме и да изнајдеме решение, со цел да ги оствариме нашите национални интереси, а тоа и членството во НАТО и во Европската Унија, истакна Спасовски.
Премиерот даде краток одговор и на новинарско прашање за пристапувањето на земјата кон НАТО.