Младо момче со иницијали М. А. од Тетово, вечерва, пред зелениот пазар, во близина на строгиот центар на градот, било прободено со нож. Информацијата за FRONTLINE.MK ја потврди портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Според пријавата, настанот се случил во 17:20, кога лицето со иницијали П. Х. со нож го нападнал М. А. и веднаш по нападот побегнал. Повредениот итно е пренесен со амбулантна кола во Клиниката во Скопје, а полицијата и истражни екипи работат на расветлување на целиот случај.
Во секој случај, тоа што може со сигурност да се потврди е дека инцидентот нема ниту меѓуетничка, ниту политичка позадина. Причина, според потврдени извори, е банална. Повредениот нема сериозни последици и повреден е само во ногата.
А. Зеќири