Фудбалерот на Блекпул Џејк Даниелс е единствениот фудбалер во сите професионални лиги на Англија кој јавно кажа дека е геј. Младиот играч Даниелс, за прв пат отворено проговори за својата сексуалност, а дека има голема поддршка во клубот покажува и фактот што неговото соопштение беше објавено на официјалниот сајт на Блекпул, пренесува Спорт клуб.
A message from Jake Daniels. https://t.co/R2wEsniXKV pic.twitter.com/dcznYKtSaD
— Blackpool FC (@BlackpoolFC) May 16, 2022
„Оваа сезона беше фантастична за мене на теренот. Дебитирав за првиот тим, постигнав 30 гола за младиот тим, го потпишав мојот прв професионален договор и споделив одлична сезона со моите соиграчи во ФА младинскиот куп.
Но, надвор од теренот, криев кој сум навистина. Цел живот знам дека сум геј и мислам дека сум подготвен тоа јавно да го кажам и едноставно да бидам тоа што сум.
Фактот дека сум меѓу првите фудбалери во земјата кои јавно проговорија за својата сексуалност е чекор во непознатото, но ме инспирираа Џош Кавало, Мет Мортон и спортисти од други спортови како Том Дејли, а тоа ми даде сила. да го направам овој чекор.
Имав голема поддршка во семејството, клубот, од агентот. Моите соиграчи во младиот тим на Блекпул ја дочекаа веста со голема поддршка.
Мразев дека цел живот морам да лажам за тоа што сум, го мразев чувството дека морам да се променам за да се вклопам. Има многу како мене, се надевам дека ќе се чувствуваат слободни да зборуваат за нивната сексуалност. Сакам да им кажам дека не мора да го менуваат тоа што се за да бидат прифатени. Треба само да бидат тоа што се, да бидат среќни и да сфатат дека тоа е најважно“, изјави младиот играч на Блекпул.





