Денеска и утре во Скопје, невладината „Македонија2025“ ќе го одржи 11-тиот Самит на кој ќе се обратат околу 40 говорници меѓу кои и премиерот Димитар Ковачевски и неговата српска колешка Ана Брнабиќ кои ќе учествуваат на панелот „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“.
Според организаторот, фокусот на Самитот ќе биде кон се она што може да се направи за да се избегнат кризите и да станеме попродуктивни и со тоа да се подобри животниот стандард на граѓаните и деловното опкружување за бизнисите.