ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител и вбројување во диптихот на светите

May 21, 2022 10:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во манастирот Св. Јоаким Осоговски – Крива Паланка викендов ќе се изврши канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител и негово вбројување во диптихот на светите.

На предлог на Кумановско-осоговската митрополија светителот ќе биде канонизиран како Свети праведен Јоаким Крчовски, учител и просветител.

Активностите почнуваат вечер во 18 часот  со воскресна вечерна богослужба и парастос за блаженоупокоениот игумен  Јоаким Крчовски.

Утре во 07.30 часот ќе се одржи воскресна утрена богослужба, а во 09.00 света божествена литургија и вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски.

Канонизацијата во организација на Кумановско-осоговската епархија ќе се изврши во присуство на архиереите на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и голем број верници.

Под канонизација се подразбира прибројување на нечија осветена личност во соборот на светите.

-Спрегата што ја постигнал Јоаким Крчовски се опишува преку мислата – Знаењето без подвиг е филозофирање, а подвигот без знаење е идолопоклонство. Јоаким Крчовски и живеел, и проповедал, и учителствувал, и провестувал, и богослужел и бил богоугоден подвижник на самиот премин меѓу 18. и 19. век, а споменот и славата на неговиот свет живот општонародно се почитува и денес. Меѓу другото, тој е автор на првата  книга отпечатена на народен македонски јазик во 1814 година. Книгите на Јоаким Крчовски се пишувани на разбирлив јазик за секој христијанин и затоа имале верна улога во верското и во моралното просветување, вели митрополитот Кумановско-Осоговски Григориј во обраќањето во пресрет на канонизацијата./МИА/

Next Post

Во Скопје 175 изречени сообраќајни прекршоци

Најново

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk