ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: 23-ти мај е симбол за општествениот и културен придонес на Власите во современата македонска држава

May 23, 2022 22:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Власите се составен дел од нашето мултиетничкото општество, со значаен општествен и културен придонес во современата македонска држава и се составен дел од минатото, сегашноста и иднината на Република Северна Македонија, изјави вечерва вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во обраќањето на Свечената академија во чест на Националниот ден на Власите – 23 Мај, пренесува МИА.

– Ми претставува особена чест што вечерва, на овој голем празник, имам прилика да сум дел од оваа „Вечер на влашки збор и влашка песна“ и заедно да чествуваме, оддавајќи почит кон една од најавтентичните култури кои живееле на овие простори и кон нивниот вековен стремеж за зачувување и промовирање на својот јазик, култура и традиција, истакна Маричиќ, упатувајќи честитка во име на Владата и во негово лично име по повод Националниот ден на Власите.

Според вицепремиерот Маричиќ, културната различност е нашето најсилно оружје со кое со децении се штитиме од ретроградните идеи, а Северна Македонија е земја која отсекогаш била симбол на различностите и еден од најдобрите примери за негување на културната различност, градењето на социјална кохезија и мултикултурализам во „Едно општество за сите“.

– Припадниците на помалите етнички заедници како културната различност се нашата силна страна со која можеме да градиме здрава политика и општество, со примена на цивилизациските вредности, заедничко дружење, разбирање, прифаќање и што е најважно, меѓусебно соработувајќи за различни прашања, секој да даде свој придонес за благосостојба и за просперитет на нашата заедничка татковина, истакна Маричиќ.

На Власите вицепремиерот Маричиќ им порача да го чуваат својот јазик, културен идентитет и наследство, кои се нераскинлив дел од македонскиот мултиетнички мозаик и да останат посветени како и досега на својата држава и на својата заедница, бидејќи благосостојбата и просперитетот на нашиот заеднички дом зависи од сите нас.

На крајот Маричиќ упати честитка и од име на премиерот Димитар Ковачевски изразувајќи уверување дека „заедно, обединети ќе продолжат да градат едно општество за сите и да работат во интерес на граѓаните и државата, градејќи ја иднината на нашите поколенија“.

 

Next Post

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

November 6, 2025
Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk