ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Наскоро единствен пазар на трудот за граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија

May 24, 2022 18:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија наскоро ќе можат да се вработат во овие земји со идентификациски броеви на Отворен Балкан без дополнителни административни бариери. Издавањето на првите идентификациски картички, кои ќе овозможат слободен пристап до пазарот на труд на Западен Балкан се очекува за време на Самитот Отворен Балкан што ќе се одржи на 7 и 8 јуни во Охрид, изјави Ненад Ѓурѓевиќ, советник во Стопанската комора на Србија (ПКС), на панелот „Ветрови на балканските промени – како го менуваме нашиот регион“ во рамки на форумот Отворен Балкан што го одржува организацијата „Лимбек“, јави дописиникот на МИА од Белград.

Ѓурѓевиќ, како што соопшти ПКС, рече дека тие заедно со стопанските комори на Северна Македонија и Албанија, бизнис заедницата, активно учествуваат и ги поддржуваат владите во спроведувањето на иницијативата Отворен Балкан и дека натамошната имплементација на потпишаните договори е приоритет.

Наведувајќи го како главен предизвик постигнувањето на целите во дадените временски рамки, Ѓурѓевиќ посочи дека за побрзо спроведување и усогласување на администрациите потребно е да се формираат имплементаторски и надзорни тела на ниво на иницијативата Отворен Балкан кои би ја следеле имплементацијата и реализацијата на целиот процес.

-Отворениот Балкан е отворен за сите економии во регионот. Само заедно можеме да одговориме на деловните предизвици и да привлечеме странски инвеститори во регионот. Ако ги погледнете економиите на Западен Балкан, тие имаат заедно околу 18 милиони жители и бруто домашен производ од 111 милијарди евра. Затоа е важно на оперативно ниво заедно со бизнис заедницата и претставниците на министерствата и стручните служби да најдеме решенија, соодветни протоколи и да ја усогласиме работата на стручните служби со цел усогласување и издавање на потребните сертификати за производи кои ќе бидат признаени во сите три земји. Ова во голема мера ќе го олесни работењето на компаниите во регионот, рече Ѓурѓевиќ.

Тој додаде дека конкретните резултати од оваа иницијатива можат да придонесат и за напредок во Берлинскиот процес, кој во моментов е во стагнација.

-Најважната цел на иницијативата Отворен Балкан е да придонесе за подобар живот на граѓаните на регионот преку овозможување слободен проток на стоки, капитал, услуги и луѓе и важно е да се промовира оваа иницијатива колку што е можно повеќе, бидејќи соработката на економско ниво може да создаде силни предуслови за политички напредок и соработка, оцени Ѓурѓевиќ.

Next Post

Честитка од Советот на амбасадори по повод одлуката на СПЦ за прифаќање на автокефалноста на МПЦ-ОА

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

November 6, 2025
Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk