„До 25 мај 2022 година, од руската агресија врз Украина, загинаа 238 деца, а повеќе од 433 се повредени. Поради активните воени дејствија во погодените региони, нема увид ви областите кои се гранатират. Во моментов се утврдуваат веродостојните податоци за загинатите и повредените деца во овие региони. Од почетокот на руска инвазија, биле добиени барања од граѓани за потрага по 1.918 деца“, известува комесарот за човекови права на Врховната Рада на Украина, омбудсманката Људмила Денисова.
Кијив и регионот
Во Буча, Киевската област, каде што руските окупатори го организираа геноцидот врз Украинците, беа пронајдени вкупно 420 тела на мртви локални жители. Ова го соопшти секретарот на градскиот совет на Буча Тарас Шаправски. Според официјалните лица, сè уште се наоѓаат тела на загинатите во Буча.
За време на окупацијата во регионот на Кијив беа убиени 1.200 луѓе. Секој трет од нив бил убиен во Буча.
Заменик-градоначалникот на Буча известува дека повеќе од 75 отсто од станбениот фонд во Буча е уништен. Станува збор за 300 куќи, од кои 10 се станбени згради. Ова е нешто што не може да се реставрира. Според Министерството за економија, загубите во Буча изнесуваат 449 милиони долари, а годишниот градски буџет изнесувал 900 милиони гривни (100 украински гривни=3,4 американски долари)
Харкив и регионот Чернихив
Руските трупи пукаа врз заземениот град Балаклија во областа Харкив, соопшти советникот на претседателот на регионалниот совет во Харкив. Прелиминарни информации кажуваат дека во гранатирањето на Балаклија повредени се 7 лица. Едното е дете. Девојчето е во исклучително тешка состојба, 2 лица загинаа.
За време на периодот на активни воени дејствија по руската инвазија во регионот Чернихив, повеќе од 500 луѓе беа убиени, а повеќе од 1.500 беа ранети. Ова на 25 мај го соопшти шефот на ОВА Чернихив Вјачеслав Чаус.
„Ова се приближни бројки. Ранетите и загинатите се жители на Чернихив и населбите во близина на градот. Сè уште продолжуваме со копање и наоѓање на телата“, рече тој.
Вјачеслав Чаус, исто така, рече дека 3.700 згради во регионот се уништени и оштетени.
„3.400 од нив се станови. Тоа се високи згради, главно во Чернихив и голем дел од приватниот сектор низ градот. Уништувањето е огромно“, вели Чаус.
Мариупол, региони Доњецк и Луганск
„На 24 и 25 мај, руските окупатори пукаа врз 18 населени места во Доњецк. Имаше вкупно 25 воздушни напади. Во регионот на Доњецк, од воздушните напади на руските сили уништени се 45 згради: станбени згради, болница, железничка станица, фабрика и градежна компанија. Според полицијата на регионот Доњецк, има загинати и ранети“, соопшти шефот на регионалната воена управа на Доњецк Павло Кириленко.
Нападната е заедницата Покровск, има ранети. Според првичните информации – шест лица. – вели градоначалникот на Покровск Руслан Требушкин. Гранатирањето продолжува во Авдиивка, изјави шефот на воената управа на Авдиевка, Виталиј Барабаш. Во текот на ноќта гореа станбени куќи.
Советникот на градоначалникот Петро Андриушченко истакна дека според официјални претставници на градското собрание на Мариупол, најмалку 22 илјади жители на градот биле убиени за време на тримесечната војна. Забележано е дека во моментов новинари не може да влезат во градот, а оние кои сè уште остануваат таму се премногу исплашени да зборуваат отворено.
Андриушченко објасни дека бројката се заснова на бројни контакти што тој и другите претставници на градското собрание продолжуваат да ги одржуваат со официјални лица во градот. Но, тој верува дека вистинската бројка може да биде многу поголема. Советникот на градоначалникот рече дека градот е во изолација, а состојбата е хуманитарна катастрофа. Тој рече дека жителите не можат слободно да се движат, бидејќи секое движење во градот бара посебни пропусници, а системот за филтрирање не им дозволува да го напуштат Мариупол.
На 24 мај, шест жители станаа жртви на непријателското гранатирање во Северодонецк, а уште осум беа ранети, извести шефот на регионалната воена управа на Луганск Серхи Хаидаи.
Херсон, Запорожје и регионот Миколаев
Шефот на регионалната воена управа на Херсон, Генадиј Лагута, рече дека од почетокот на целосната инвазија на руските окупатори, 50% од населението го напуштило регионот.
Исто така, претставник на организацијата CrimeaSOS рече дека 90% од аптеките во регионот се затворени, а цените на лековите се зголемиле 3 до 5 пати. Повеќето лекови во регионот се транспортираат од привремено окупираниот Крим и се продаваат на пазарите.
Савченко рече дека во регионот има голем проблем со лековите за срцеви заболувања и нормализирање на крвниот притисок. И трудниците имаат проблеми со пристапот до потребните лекови.
Руските окупаторски сили продолжуваат да киднапираат луѓе. Според одбранбените сили, во Мелитопол Русите ја фатиле директорката на локалниот мултидисциплинарен центар за стручно образование Олесија Дорохова. Од почетокот на целосната руска инвазија на Украина, Дорохова организираше Центар за помош од срце до срце. Тоа беше единствениот украински хуманитарен штаб во Мелитопол кој им помагаше на жителите на Мелитопол и на мигрантите од Мариупол.
Освен тоа, во Бердијанск, селата Костијантинивка и Днипровка, окупаторите киднапирале 3 мажи и ги однеле во непознат правец.
На 24 мај, руските окупатори повторно пукаа врз мирното село Новојаковливка од заедницата Комишуваха. Од гранатирањето загина постара жена. Оштетени се станбени куќи. Ова го соопшти локалната заедница. Последен пат Русите пукаа врз Новојаковливака на 22 мај. Тогаш беа сериозно оштетени десетици приватни домови на локални жители и една претшколска установа.
Во средата, на 25 мај, околу 5 часот наутро, руските трупи извршија ракетен напад врз Запорожје. Беа истрелани четири крстаречки проектили, од кои едната го погоди трговскиот центар, соопшти портпаролот на регионалната воена управа на Запорожје Иван Арефиев. Во моментов е познато дека една жена загинала, а три лица се ранети. Цивилната инфраструктура на градот во областите Шевченковски и Олександривски е значително оштетена. Администрацијата соопшти дека најмалку 62 домови во приватниот сектор биле оштетени.
Руски војници синоќа пукаа кон Миколаев, едно лице е повредено, соопшти градоначалникот Александар Сенкевич.
„Синоќа преку Миколаев беше извршен артилериски удар. Според Воената команда на градската одбрана, станува збор за ракетен систем за одбојка „Торнадо-Ц“. Од гранатирањето е оштетена катна зграда.
Според регионалниот совет на Миколаев, до 24 мај во болниците во Миколаев има 162 жртви на руските напади.
Ј. Ѓорѓиоски