ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бесими: Владините мерки влијаеја штетата да не биде поголема врз стопанството и граѓаните

May 27, 2022 11:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кризата е од големи размери. Мерките што ги презеде Владата како првичен одговор беа за да се заштити економијата и стандардот на граѓаните. Тие беа навремени, таргетирани и доколку не се преземеа штетата ќе беше многу поголема. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во емисијата Вин-Вин на ТВ Телма.

– Екстерниот шок е толку голем што ние и колку и да преземеме мерки може само да го апсорбираме тој шок и да се приспособиме на среден рок да го одржиме растот и да се приспособи стопанството да има помала штета. Не велиме дека со  мерките што ги преземавме  ги решивме сите проблеми и дека и со мерките што ги планираме ќе ги решиме. Тоа што граѓаните треба да го знаат и тоа е вистината е дека енергијата ќе треба да се штеди, затоа што цените не се одржливи на сегашното ниво во однос на цените на светските берзи, потенцира министерот.

Тој додаде дека ребалансот е одговор на кризата и дека ќе се финансира преку комбиниран начин со цел да се оптимизира трошокот во време на високи каматни стапки, кои на меѓународните финансиски пазари во моментов достигнуваат 6,5 %.

– Целта е да се оптимизираат инструментите и да се намалат трошоците за обезбедување средства. Затоа и се пристапи кон барање алтернативи наместо да се бара целиот потребен износ преку еврообврзница. Во таа насока беше и барањето средства од Меѓународниот монетарен фонд, средства за проекти од меѓународни финансиски институции, како и задолжување на домашниот пазар. Обезбедувањето средства за нашата економија во моментов не е спорно, но важно е да го направиме финансирање во погоден момент и да го направиме тоа по најниски трошоци, рече Бесими.

Министерот наведе дека со ребалансот се преземаат мерки и за зголемување на домашното производство на храна, со оглед на големата неизвесност од војната во Украина и можноста од недостаток на храна.

– Со предложениот ребаланс на Буџетот за 2022 година предвидени се дополнителни 52 милиони евра за субвенции за земјоделците, а ќе се пласираат средства во земјоделството и преку Интервентниот фонд. Предвидено е средствата земјоделците да ги добијат во почетна фаза на производство, дополнително од предвидените субвенции кои ги добиваат по предавање на родот“, рече Бесими.

Во однос на барањата за зголемување на платите во јавниот сектор, посочи дека зголемувањето на платите треба да следи од зголемена продуктивност.

За платите во јавниот сектор и барањата што ги испорачуваат синдикалните организации, министерот вели дека состојбата треба да се гледа реално во контекст на кризата и дека зголемувањето на платите треба да има економска логика.

– Основната економска логика, за да има повисока плата треба да има поголема продуктивност во економијата. Стопанството е тоа каде се генерира економската активност и мора економијата да расте, за да има повеќе приходи, рече Бесими.

Тој додаде дека ова е отворено прашање кое се одвива низ економско-социјалниот дијалог, и дека улогата на Министерството за финансии е да каже дали тие политики постигнати во рамки на економско-социјалниот дијалог, можат да се вклопат во еден одржлив буџет. Министерот Бесми потенцира дека досега во рамки на економско-социјалниот дијалог Владата покажа респонзивност во однос на повеќе прашања што беа дел од преговорите./МИА/

Next Post

За викендот нестабилно време со дожд, грмежи и ветер

Shortcut

Најново

Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

November 25, 2026
Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk