ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Социјалните претпријатија создаваат еднакви шанси и еднакво општество (ВИДЕО)

May 27, 2022 15:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика,  Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, амбасадорот на Кралството Шпанија Хозе Луис Лозано Гарсија, претставниците на амбасадите на Република Полска и Бугарија и останати соработници денеска присуствуваа на настан кој имаше за цел поддршка на социјалните претпријатија од страна на државата и  донаторската заедница  претставена од Делегацијата на Европската унија, уважените амбасади, меѓународните  и националните организации кои го поддржуваат развојот на социјалното претприемништво во нашата држава.

Проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ е финансиран од ЕУ, имплементиран од ЕПТИСА во соработка со ЕКОРИС и Барка, а корисник е Министерството за труд и социјална политика.

Министерката Тренчевска го истакна значењето на развојот на социјалните претпријатија кои се иднината на едно современо општество.

„Националната Стратегијата за социјалните претпријатија, која се усвои минатата година, ги поставува основните постулати за развој на социјалните претпријатија, нивната препознатливост во општеството и мерки за нивна економска одржливост. Националната Стратегија за социјални претпријатија е скицата на еко- системот кој го градиме како Министерство за труд и социјална политика во соработка со сите заинтересирани страни, вклучително донаторската задница, граѓанскиот сектор и институциите.  Имплементацијата на оваа стратегија е надополнета и со национален координативен механизам за следење на имплементацијата. Оваа есен ќе го подготвиме првиот извештај од спроведување на стратегијата и Акцискиот план, “рече Тренчевска.

Таа истакна дека фокусот кој го имаат социјалните претпријатија покрај  економските активности и создавањето на добра и услуги, е да создаваат општествени добра и да обезбедат вклучување и социо – економско зајакнување на поединецот и неговото семејство, а притоа зачувувајќи го нивното достоинство  со почитувањето на учеството во одлучувањето, во распределбата на профитот, во остварувањето на социјалната мисија.

„Социјалните претпријатија создаваат еднакви шанси и создаваат еднакво општество, придонесуваат кон еколошки и економски развој, но и допринесуваат кон намалувањето на сиромаштијата за најранливите. Тие го помагаат економски раст, влијаат на социјалната кохезија и развојот на новите технологии. Министерството за труд и социјална политика како креатор и генератор на социјалните и економските политики, заедно со социјалните претприемачи покажа дека нема тежок и лесен процес, туку само дали има или нема разбирање и добра волја, “рече Тренчевска.

Министерката упати голема благодарност до неговата екселенција,  Амбасадорот Дејвид Гир и изрази уверување дека одличната соработка ќе продолжи и понатаму, во насока да се завршат започнатите активности за изнаоѓање  на одржливо функционирање на Центарот за социјални претпријатија, да се заокружи консултативниот процес и  законското решение со кое треба да се регулира  системско препознавање, поддршка и развој на социјалните претпријатија.

Министерката Тренчевска ја поздрави иницијативата и проактивноста на Амбасадата на Република Полска која преку свој пример на отворен повик за грантови на социјални претпријатија активно учествува во креирањето на можности за развој на социјалните претпријатија. Таа изрази благодарност  и до останатите амбасади, Амбасадата на Кралството Шпанија, Амбасадата на Кралството Шведска, Амбасадата на Република Бугарија  за денешното присуство и интерес за обезбедување поддршка за развој на социјалното претприемништво. ​

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ЕУ ќе купи вакцини и таблети против мајмунски сипаници

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со Ви

Левандовски еден месец надвор од терените поради повреда

October 14, 2025
AI generated image

Северна Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“ со поддршка од ЕУ

October 14, 2025
Фото: Независни заедно

Марковски: Магацините на „Славија“ можат да прераснат во простори за културната сцена, а не во бетонски чудовишта

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk