коментира: МАЈА ИВАНОВСКА/ЦИВИЛ
Изборите сѐ уште нераспишани, а Мицкоски веќе на големо започна со црната кампања и пропаганда. Ветувањата исти како и на претходните, претседателски избори – ќе го укинуваат Преспанскиот договор и ќе ги „санираат штетите кои Заев ѝ ги нанел на земјата“. И притоа, замислете, сето тоа нема да влијае на членството во НАТО, европските аспирации и економијата!
Тие, всушност, целиот период од своето владеење имале план за тоа, но сѐ нешто друго било приоритет, па не стигнаа до ЕУ и НАТО без штетниот Преспански договор.
И не би биле избори во Македонија, доколку хистеријата не се пренесе на уште повисоко ниво. Во моментов, Мицкоски и неговите медиумски писарчиња се во лов на терористички вештерки во редовите на СДСМ. Нема врска што луѓето не се ни од СДСМ, а уште помалку терористи. Тоа е исто како собирањето потписи за референдуми против изградба на бегалски населби низ целата држава, иако никој немаше таков план, а ниту потреба, бидејќи бегалци и немаше. Упс… Кај ги потсетив…