ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Извештај на Стејт департментот за верските слободи во Северна Македонија во 2021 година

June 2, 2022 21:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен денеска го презентираше редовниот годишен извештај на Стејт департментот за верските слободи во светот, информира МИА.

Во делот за Северна Македонија се вели дека Уставот на земјата забранува верска дискриминација и предвидува слобода на религијатa и верското изразувањe.

За Сeверна Македонија во извештајот за 2021 година се нотира дека Министерството за правда и другите владините министерства дискутирале за амандманите на законот од 2007 година со кои се уредуваат религиските слободи што би овозможило поголемите верски заедници да се стекнат со статус на „правни ентитети“, но Министерството за правда повторно ги одложило консултациите со верските групи за амандманите.

На 18 февруари, Исламската верска заедница во Северна Македонија (ИВЗ) јавно ја осудила официјалната регистрација од страна на Владата на Исламската салафи заедница во декември 2020 година, со назнака дека тоа би било штетно за единството на муслиманите во земјата.

Водачите на ИВЗ рекле дека последователно се подобриле односите со Владата во Скопје по средбата во јануари меѓу поглаварот на ИВЗ, Реис Шаќир Фетаху и претседателот Стево Пендаровски, но дека некои владини министерства и судството продолжувале да се однесуваат кон нив неповолно.

Скопска Апелација го отфрлила барањето за регистрација на Православната Охридска Архиепископија бидејќи пријавата не била поднесена до крајниот рок, се вели во извештајот.


Од извештајот се дознава дека ИВЗ смета дека Владата продолжила да ја фаворизира Македонска православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), а помали верски групи продолжиле да пријавуваат нееднаков третман на Владата во споредба со петте уставно именувани религиозни групи.

Официјалните претставници на ПОА продолжија да посочуваат дека нивното свештенство и членовите на нивните семејства често биле мети на навреди во медиумите и жртви на физички напади од поединци сметани за блиски до МПЦ-ОА, се наведува извештајот.

Понатаму се вели дека Бекташијата (во Тетово) и натаму ги оспорува тврдењата на ИВЗ за целосна сопственост и планира да го реновира Харабати баба теќе, комплекс што бектешката (тетовска) заедница го користеше како свој штаб.

Македонските медиуми објавиле инцидент на вандализам врз манастир кој се наоѓа во мнозинско муслиманско подрачје и 18 инциденти на кражби од цркви во текот на годината. Од МПЦ-ОА за кражбите и вандализмот навеле дека не веруваат во верски мотиви зад инцидентите.

Во извештајот на Стејт департментот се посочува и дека во САД во 2021 година биле примени 11.411 бегалци и им било даден постојано место на жителство, а меѓу нив се луѓе кои биле гонети врз основа на верски убедувања. Многу од овие лица се од Таџикистан, Туркменстан, Русија, Иран.

Годинава, Русија е вклучена во „спискот земји за кои постои посебна загриженост“ за нарушени верски слободи, а во кој се Бурма, Кина, Еритреја, Иран, Северна Кореја, Пакистан, Саудиска Арабија, Таџикистан и Туркменистан.

Next Post

СДСМ: Зошто Мицкоски не ги бранел државните интереси во ЕПП и дозволи Резолуција со ставовите на Бугарија?

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk