ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

100 дена од руската инвазија: Доследната поддршка на Украина е најдобрата инвестиција за мирот во целиот свет

June 3, 2022 10:22
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Денес навршуваат 100 дена откако Русија започна инвазија од големи размери во Украина.

„Нашиот народ не го брани само своето право на постоење и независна држава, туку и безбедноста на Европа и на целиот демократски свет. Секојдневно нашите бранители, по цена на сопствениот живот ѝ даваат решителен отпор на воената машина на Руската Федерација и се борат за слобода и мирна иднина за целиот континент“, нагласуваат од украинската амбасада во Скопје.

Од амбасадата потенцираат дека мора да продолжи доследната поддршка на Украина и дека тоа е најдобрата инвестиција за мирот во целиот свет.

„За да се запрат злосторствата врз украинскиот народ, уништувањето на нашата економија и уценувањето на целиот свет со глад, мора да продолжи доследната поддршка за Украина. Помош на нашата држава денес е најдобрата инвестиција во мирот и одржливиот развој на целото човештво“, се наведува во објавата.

Сè додека Кремљ не ја заврши војната што ја започна и не биде соодветно казнет за своите злосторства, вклучително и во вид на компензација за нанесеното уништување и казнување на воените злосторници, санкциониот притисок само ќе се зголемува, велат од украинската амбасада.

ПРИЛОГ: Воените злосторства започнаа уште во првите часови од руската инвазија против Украина

Воените злосторства на руската армија во Украина беа евидентни веќе од првите часови на целосната инвазија која започна во 4 часот наутро на 24 февруари. Целта на руската инвазија беше да се окупира целата земја, да се убие претседателот Володимир Зеленски и да се воспостави сателитска власт во земјата која ќе покаже слепа послушност кон Кремљ. Украинскиот народ не го дозволи тоа.

Во прилог се фотографии од воените злосторства откриени во раната фаза од инвазијата. Предупредување: фотографиите се крајно вознемирувачки.

Next Post

Сто дена војна во Украина

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk