ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Андоновски во Украина се сретна со заменик министерката за правда, Мудра

June 3, 2022 13:32
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот народен правобранител Јован Андоновски денеска во украинското Министерство за правда се сретна со заменичката министерка Ирина Мудра која го извести за украинските напори кои се однесуваат на меѓународната помош во справувањето со воените злосторства.

Како што информираат од Канцеларијата на Народниот правобранител, ставот на украинската Влада е дека Русија ја предизвика војната и штетата и Русија треба да плати за тоа, не само во смисла на правна одговорност, туку и финансиски да ги плати направените штети. Украина во моментов работи на воспоставување нова правна алатка, Комитет за обесштетување.

Заменичката министерка Мудра изрази желби и за воспоставување меѓународен трибунал за воени злосторства, но изјави дека дотогаш правна одговорност ќе бараат во рамки на Европскиот суд за човекови права. Дополнително, обиди се прават и за воспоставување меѓународна група за истраги.

-Омбудсманот Андоновски беше брифиран и за најголемите проблеми на Украина кои се однесуваат на присилно раселените деца и на воените заробеници бидејќи досега мисијата на Црвениот крст е спречена да направи увид во состојбата со заробените лица кои ги држи Русија. Заменикот народен правобранител Андоновски го пренесе ставот на Република Северна Македонија дека во целост ја поддржува Украина која сѐ уште е под напад од Русија и рече дека Украина може да смета на правна помош од нашата држава, во смисла на поддршка при воспоставувањето нови меѓународни правни алатки и пренесување на искуството во рамки на истите, соопшти Канцеларијата на Народниот правобранител.

За раселените деца, како и воените заробеници, се додава во соопштението, омбудсманот Андоновски им предложи на украинските власти да побараат формирање меѓународен тим составен од правобранители на неколку држави бидејќи оваа институција, според законите, има право да врши увид, односно да ги посети воените заробеници и децата кои присилно се однесени на руска територија. Андоновски рече дека, за разлика од Црвениот крст, телото составено од правобранители ќе биде правно потешко да се одбие од страна на Русија и дека за да одбијат такво тело ќе им биде потребен сериозен правен аргумент кој во моментов го немаат.

Заменичката министерка Мудра се заблагодари за предлогот и рече дека со задоволство ќе биде разгледан во украинската Влада. Андоновски ги покрена и прашањата со статусот на Украинците во земјава, како и со напорите нашата држава да им обезбеди пристап до здравствени услуги, образование и вработување.

Next Post

Стапката на невработеност во првиот квартал 14,8 отсто

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

November 4, 2025
Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk