Премиерлигашот Тотенхем е заинтересиран во своите редови да го врати Герет Бејл од Реал Мадрид. Претседателите на клубот, Даниел Леви и Флорентино Перез се состанаа во Мадрид за да разговараат за деталите за можен трансфер. Спарс сакаат да купат играч за 30 милиони евра.
Леви исто така сакаше да знае дали тренерот на Реал, Зинедин Зидан смета на Велшанецот. Бејл не се најде во составот за последниот натпревар со Севиља и покрај тоа што немаше никакви здравствени проблеми.
Во моментов не се знае дали Леви и Перез разговарале за трансфер на Бејл во јануари или дали станува збор за летен трансфер.
Триесет годишниот фудбалер од средниот ред оваа сезона има одиграно 12 натпревари во Ла Лига и постигнато два гола.