ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЗНМ: Да се поништи конкурсот за нови членови во Надзорниот одбор на МРТ

–  Освен тоа што мандатот на овој состав на Програмскиот совет е истечен, дел од членовите имаат и конфликт на интерес според законот и ова претставува дополнителен проблем за одлуките на ова тело. Со обидот да се изберат нови членови на Надзорниот одбор на овој начин, се прекршуваат и препораките на Советот на Европа, конкретно препораката број 96 која се однесува на гарантирање на независноста на јавните сервиси. Во глава три од оваа препорака која се однесува на работата на Надзорните органи, се вели дека членовите потребно е да се изберат од тело предвидено со закон на начин со кој ќе се избегне ризик од политичко или друго влијание, се вели во соопштениево на ЗНМ.

January 22, 2020 15:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара да се повлече одлуката на Програмскиот совет на МРТ за распишување јавен конкурс за избор на членови на Надзорниот одбор на јавниот радиодифузен сервис во услови кога мандатот на членовите на овој совет е истечен.

Во соопштениево на ЗНМ, се вели дека мандатот на Програмскиот совет истече во декември 2019 година и од тие причини сметаат дека е проблематично тие да избираат нови членови на Надзорниот одборот кој треба да врши контрола на материјалното и финансиското работење на јавниот сервис во идните години.

–  Освен тоа што мандатот на овој состав на Програмскиот совет е истечен, дел од членовите имаат и конфликт на интерес според законот и ова претставува дополнителен проблем за одлуките на ова тело. Со обидот да се изберат нови членови на Надзорниот одбор на овој начин, се прекршуваат и препораките на Советот на Европа, конкретно препораката број 96 која се однесува на гарантирање на независноста на јавните сервиси. Во глава три од оваа препорака која се однесува на работата на Надзорните органи, се вели дека членовите потребно е да се изберат од тело предвидено со закон на начин со кој ќе се избегне ризик од политичко или друго влијание, се вели во соопштениево на ЗНМ.

Потсетуваат дека изборот на нови членови на Програмскиот совет е блокиран речиси една година во Комисијата за избори и именувања во Собранието на РСМ.  Дополнително од ЗНМ додаваат дека тие во повеќе наврати реагирале дека членовите на оваа Комисија мора да најдат заеднички јазик и да ги изберат новите членови на Советот. Упатија барање до Комисијата, итно да одржи седница и да ги избере најсоодветните кандидати за Програмскиот совет како и за Советот на АВМУ со цел да се овозможи почеток на медиумските реформи во овие две институции.оџ/са/

 

Next Post

Микиќ: Нема потреба од паника и воведување посебни мерки во врска со новиот корона вирус

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk