По двата рекорда во скок во далечина, нашиот репрезентативец Андреас Трајковски го собори државниот рекорд и во трчање на 100 метри. Новиот рекорд изнесува 10.50 секунди.
Трајковски е роден во Данска и до скоро настапуваше како дански репрезентативец, но пред неколку месеци доби дозвола во иднина да настапува со македонски дрес.
Колку за потсетување, пред неколку недели го подобри 46 години стариот државен рекорд во скок во далечина, со резултат од 7,41, а неколку дена подоцна рекордот го подобри за уште 19 сантиметри.
Со оглед на тоа што сè уште сме на почеток на сезоната, со право можеме да се надеваме на нови рекорди од нашaта голема атлетска надеж.
Ацо Лукароски




