ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Квалитетни судски реформи и дигитализација за европско и модерно судство

June 12, 2022 20:37
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Внимателност и упорност во процесот на реформите во правосудството се клучни за граѓаните. Ова е пораката што вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја испрати во видеообраќање на европскиот Самит за дигитализација, на тема „Придобивките од четвртата индустриска револуција како механизам за враќање на довербата во судството“.

Во своето обраќање, Маричиќ истакна дека дигитализацијата на судството и употребата на вештачка интелигенција во судскиот систем не е веќе прашање на избор, туку на неминовност и мора да биде приоритет во реформите во правосудството.

– Со првите опремени судници и овозможувањето на судења на далечина, создадовме услови за сите учесници во судските спорови да комуницираат дигитално. Дополнително ставањето во функција на дигиталните услуги за добивање потврди од казнената и прекршочна евиденција, направен е чекор напред во забрзување на овој комплексен процес, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност на правосудниот систем, како и заштеда на време и пари, рече Маричиќ.

Нагласи дека Владата покажала искрена и силна заложба и посветеност во европеизацијата на земјата и изрази очекување за продолжување на соработката и поддршка од сите чинители на правосудниот систем, јавните институции, од меѓународните партнери и невладиниот сектор во спроведувањето на реформската агенда, со крајната цел враќање на довербата на граѓаните во судството и побрзо исполнување на стандардите и критериумите на најважниот и најкомплексниот Кластер во преговорите со Унијата, Кластерот Темели.

Во своето обраќање, вицепремиерот Маричиќ заклучи дека е потребно судските реформи да работат во корист на граѓаните, како и да се продолжи со цврсти чекори кон постигнување на целосно или барем приближување на идеалот за владеење на правото, како што постои во повеќето земји од ЕУ./MИА/,

Next Post

Украина воспоставува коридори за извоз на житарки преку Полска и Романија

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер го објасни пропуштањето на Дејвис купот: Ми треба време да закрепнам од притисокот

November 5, 2025

Флик сака да ја напушти Барселона?

November 5, 2025

Концертна промоција на албумот „Afro Gitano“ на 8 ноември во Јавна соба

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk