ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Северна Македонија останува на европскиот пат

June 14, 2022 14:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Не смееме да го изгубиме овој моментум за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, изјави денеска во Брисел вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на брифинг со претставниците на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан/ проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), каде информираше за процесот на европската интеграција на земјата, за динамика на имплементација на предвидените реформи и посветеноста на Владата во нивна реализација, особено во клучните области на владеење на правото, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

– Наша стратешка цел останува членството во ЕУ, со целосна посветеност на реформите што ги спроведуваме на тој пат за трансформација на општеството во согласност со стандардите на развиените демократии на ЕУ, за подобар животен стандард за нашите граѓани, што всушност е целта на овој процес и членството во ЕУ, рече вицепремиерот Маричиќ на брифингот, со барање за валоризација на веќе постигнато во делот на европската реформска агенда.

На брифингот присуствуваа делегати од сите земји членки на Советот на ЕУ, како и претставници на Генерален директорат за проширување и Европската служба за надворешно дејствување, што, како што се вели во соопштението од СЕП, е доказ за интересот за македонската европска перспектива, но и доказ за посветеноста на ЕУ на процесот на проширување.

Низ дискусијата која се разви на состанокот, делегатите го потврдија прогресот на нашата земја и изразија верување дека Северна Македонија ќе слушне убава вест на претстојниот јунски Самит.

Вицепремиерот Маричиќ, кој престојува во посетата на Брисел, во текот на денешниот ден ќе оствари тет-а-тет средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, а ќе се сретне и со координаторот на Европската Комисија за Северна Македонија, Марк Јорна./МИА/.

Next Post

Јармиш: Го нема Навални - роднините, адвокатите и неговиот тим не знаат каде е префрлен

Shortcut

Најново

Седум фемициди и шест барања: Граѓанските организации бараат институционална одговорност

November 18, 2026

Мислете му ја!

November 17, 2026
Фото: Скриншот од Youtube/Google DeepMind

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk