ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Пендаровски: Бараме цврсти гаранции дека Бугарите во Уставот ќе биде последно барање од Софија

June 16, 2022 14:28
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Има политичка волја Бугарите во земјава да бидат внесени во нашиот Устав, но тој не може да се отвори и измени за една недела, туку за околу сто дена. Покрај овој технички аспект, постои и политички – треба да има гаранција дека уставните измени се последното барање од владата на Бугарија. Бараме цврсти политички гаранции и од ЕУ, не само од Софија.

Ова го кажа претседателот на државата Стево Пендаровски одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во Охрид.

Нагласи дека не постои политички проблем – ни кај  власта, ни кај опозицијата, во однос на внесувањето на Бугарите кои живеат Северна Македонија во Устав.

-Значи, има политичка волја за тоа. Ние само бараме да се земе предвид една политичка  и една техничка работа. Техничката работа е дека нашиот Устав, и кога има политичка волја за двотретинско мнозинство во Собранието, и кога би имало волја, не може да се  спроведе пред три, три и пол месеци. Побрзо технички не е возможно. Денес да почнеме, помеѓу 95 и 105 дена е според проценката на најдобрите уставни експерти во земјава, рече Пендаровски, појансувајќи дека има три фази за промена на Уставот, потребна е јавна расправа и, како што рече, сериозен процес на објаснување на народот  зошто се прави промената.

Но, покрај техничкиот дел, прашањето има и политички – дали ако влеземе во уставни промени, тоа ќе биде последното барање од бугарска влада – сегашната или некоја следна.

-Многу е несериозно ако ние влеземе во еден сериозен потфат, промената на конституцијата на секоја држава е многу сериозна работа, за која треба многу размислување. Замислете шест месеци од сега, до година, некоја следна бугарска влада или истава, сеедно, да каже сега бараме уште нешто. Значи ние во тој дел бараме цврсти политички гаранции и од ЕУ, не само од Софија. Проштевајте тоа нема да ни биде доволно. Бараме гаранции дека тоа ќе биде последното бугарско барање во однос на овој проблем, во однос на ова прашање, истакна Пендаровски.

На прашање дали доколку тоа барање биде ставено во преговарачката рамка ќе биде доволна гаранција дека Бугарија ќе нема други барања, Пендаровски одговори дека „ако во преговарачката рамка има формулација во која ќе се каже дека ова е последното бугарско барање во однос на ова прашање, немаме проблем со тоа“.

– На Балканот ние сме изгорени многу пати. Меѓу нас сме имале турбулентна историја и најчесто политичката реторика или само зборовите не ни се доволни. Не е лошо да има нешто и на хартија, рече претседателот Пендаровски./MИА/.

Next Post

БНР: До крајот на денот францускиот предлог за Северна Македонија ќе биде испратен до бугарската влада

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk