ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тоалетите во училиштето во Јегуновце се реновираат, а не се рушевини

Фронтлајн разобличува уште една лажна вест по пријава на граѓанка од Јегуновце. На повеќе интернет медиуми, во јавноста познати како блиски на најголемата опозициска партија, се појавија содржини во кои се „известува“ дека учениците од основното училиште во село Јегуновце, Тетовско, нема каде да измијат раце, во сезона на инфекции и грипови. Се работи за нешто сосема друго. 

January 24, 2020 11:29
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Никако да престанат политичките препукувања, дури и на грбот на учениците. Во овој предизборен период, дури и реновирање на тоалети во училишта се прикажуваат како руини во кои децата „немаат каде да извршат физиолошки потреби и да ги измијат рацете, бидејќи нема тоалети и нема вода!“.

Фронтлајн разобличува уште една лажна вест по пријава на граѓанка од Јегуновце. На повеќе интернет медиуми, во јавноста познати како блиски на најголемата опозициска партија, се појавија содржини во кои се „известува“ дека учениците од основното училиште во село Јегуновце, Тетовско, нема каде да измијат раце, во сезона на инфекции и грипови. Се работи за нешто сосема друго.

Имено, факт е дека тоалетите во училиштето „Александар Здравковски“, во моментов, се реновираат, а градежните зафати треба да бидат завршени најдоцна до вторник следната недела.

– Најдоцна до вторник, следната недела, тоалетите во основното училиште во Јегуновце, Тетовско, ќе бидат готови со реновирањето, и подготвени за употреба, вели за Фронтлајн директорката на училиштето, Даниела Живковска.

Таа додава дека едниот (од трите) тоалет е веќе во употреба, со тоа што очекуваат вториот да биде готов до недела, а со градежните работи да се заврши најдоцна до вторник.

Реновирањето на тоалетите започнало за време на зимскиот распуст, затоа што биле веќе неупотребливи, но се очекува комплетно подновените тоалети да бидат во употреба од следната недела.

Во училиштето „Александар Здравковски“ учат вкупно 170 ученици во две смени.

Градоначалникот Дарко Блажевски, за Фронтлајн вели дека тоалетите биле руинирани, иако училиштето било реновирано во 2008 година. Појаснува дека дури и советниците од ВМРО-ДПМНЕ во општината гласале за реновирање, а откако завршил тендерот, веднаш се почнало со градежните работи.

Фотографиите што ги објавил самиот градоначалник, со цел да се прикаже дека тоалетите се „руина“, дел од медиумите со злонамерна селекција ги искористуваат за да прикажат нешто сосема друго. Со цел да се информира јавноста објективно, Фронтлајн ги објавува сите фотографии за состојбата на овие простории во училиштето пред, за време и по реновирањето.

Значи, се работи за реновирање на санитарни чворови кои никако не би требало, со злонамерна селекција, да бидат алатка за уште една партиско-пропагандна активност. И оваа лажна вест може да послужи како илустрација за злоупотребите во медиумската и политичката сфера кои се ставени во функција на валкана изборна кампања.

Б. Богдановска

Реновирање
Претходна состојба
Претходна состојба

Претходна состојба
Претходна состојба
Реновирање

Реновирање
Реновирање
Реновирање

Реновирање
Реновирање
Реновирање

Реновирање
Реновирање
Реновирање

Реновирање
Реновирање

 

 

 

 

 

Next Post

УСЈЕ ги покануваат „О2 коалицијата“ да ги посетат во кое било време

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Теоријата на панспермија – животот како космички вирус

November 1, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

(ВИДЕО) Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година

November 1, 2025

(ВИДЕО) Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk