ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЕУ: Билатералните прашања се некогаш поважни од реформите

June 22, 2022 14:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија прифати дел од билатералните барања на Бугарија да стојат во преговарачката рамка и смета дека тоа е нормално, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во пресрет на состанок на лидерите на ЕУ и Западниот Балкан, кој ќе се одржи утре, дипломатите од земјите членки и од Советот интензивно ги брифираат новинарите денеска за прашањата што „ќе бидат на маса“ на средбата, како визниот режим за Косово, кандидатскиот статус за Босна и Херцеговина, но доминираат оние поврзани си стартот на преговорите со Северна Македонија, блокиран од Бугарија, што ја држи во заложништво и Албанија.

Висок дипломатски извор во ЕУ добро запознаен со преговарачката рамка и францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, денеска за МИА потврди дека билатералните прашања се дел од рамката и дека тоа е „нормално“.

– Билатералните прашања се дел од процесот на проширување, објасни овој дипломат на прашање на МИА.

Запрашан дали е нормално да се создава преседан со Северна Македонија преку вклучувањето на билатерални барања на земја членка на ЕУ, дипломатот објасни дека „овој ризик постои“.

– Овој ризик постои и тоа некогаш е поважно од реформите. Тоа е дел од правилата, инаку не можеме да имаме хармонични односи. Предлогот кој е на маса се чини дека е тој околу кој може да се најде договор, никој не е задоволен ниту во Скопје, ниту во Софија, рече тој, додавајќи дека тоа за ЕУ е знак дека договорот е добар.

Лидерите на ЕУ и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, го чекаат исходот од вечерашното гласање за доверба на бугарската Влада од страна на Парламентот во Софија, но сите го поздравија фактот што опозициската партија ГЕРБ најави дека ќе го поддржи договорот за преговарачката рамка, дури и да падне Кабинетот на премиерот Кирил Петков.

Вчера и државниот секретар за Европа на Франција, Клеман Бон, призна дека дел од билатералните барања на Бугарија се вклучени во францускиот предлог за преговарачката рамка, затоа што било потребно да се одговори на преокупациите на Софија.

За Европската Унија е важно во следните недели да испорача преговори со Северна Македонија и Албанија за да му даде кредибилитет на процесот на проширување кој тапка во место, посебно во момент кога и се доделува статус на кандидат на Украина. Дипломатите во Брисел не се занимаваат со деталите од билатералниот спор меѓу Скопје и Софија и сакаат, речиси по секоја цена, да дадат зелено светло во следните денови, коментира друг дипломатски извор во Брисел.

Владина делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски пристигнува попладнево во Брисел за да учествува на утрешниот состанок на лидерите на ЕУ и Западниот Балкан. Неизвесно е дали тој во име на Владата ќе ја прифати предложената преговарачка рамка.

Next Post

Вархеји ја поздрави одлуката на ГЕРБ да го поддржи „францускиот предлог“ за деблокада на евроинтеграциите на Скопје

Shortcut

Најново

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk