Една од најдобрите судиски двојки во Европа: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го судат финалето на Европското првенство во ракомет.
Големата доверба која македонските судии ја имаат во светот на ракометот уште еднаш е потврдена од страна на Европската ракометна федераација (EHF).
Кои ќе бидат финалисти на кои ќе им судат Николов и Начевски, останува да видиме утре, кога се и полуфиналните дуели помеѓу: Норвешка – Хрватска од 18.00 часот и Словенија – Шпанија од 20.30 часот.
Финалето ќе се одигра во недела од 16.30 часот.
Ј. Ѓ.