ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Комисијата за надворешна политика го усвои предлогот на Христо Иванов за Северна Македонија

June 23, 2022 20:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со 11 гласа „за“, три „против“ и два „воздржани“, Комисијата за надворешна политика на Народното собрание на Бугарија го усвои предлогот од претседателот на „Демократска Бугарија“, Христо Иванов, во врска со Република Северна Македонија. Комисијата ги отфрли другите два предлога, поднесени од ГЕРБ-СДС и од ДПС.

Нацртот на ДБ предвидува вклучување на билатералните протоколи од членот 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во преговарачката рамка во врска со усвојувањето на заедничките позиции на Европската Унија за меѓувладините конференции од страна на Советот на ЕУ. Односно, Бугарија да може директно преку учество во Советот, покрај гаранциите што ги дава Преговарачката рамка, да го контролира процесот.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, за време на дебатата, поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка на ГЕРБ, Екатерина Захариева, предложи бугарската Влада да ја одобри предложената преговарачка рамка од страна на француското претседателство со ЕУ, поставувајќи услови – да направи напори за доработка на текстот на Уставот.

– Одобрувањето на преговарачката рамка не значи и признавање на македонскиот јазик, рече Захариева додавајќи дека бил направен обид трите предлози да се обединат во еден, но тоа не успеало бидејќи „Продолжуваме со промената“ го смениле мислењето.

Кристијан Вигенин од БСП и поранешен министер за надворешни работи, истакна дека за нив предлозите од ГЕРБ-СДС и од ДПС се неприфатливи, додека предлогот на Иванов го оцени како добра основа, но се воздржа од гласање.

Како што истакна, социјалистите не можат да се согласат на таков документ.

Од партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов рекоа дека се против трите предлози, а ист став имаа и претставниците на „Преродба“.

В петок трите предлози ќе влезат на дневен ред во Народното собрание на Бугарија и откако ќе се расправа за нив, еден од нив ќе биде усвоен, изјавија пратениците за МИА во Софија.

Тие ќе му дадат мандат на премиерот во оставка Кирил Петков да даде согласност на Бугарија на предлогот на француското претседателство со ЕУ за преговарачката рамка за почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ.

 

Next Post

Надал: Сега не можам да играм толку многу натпревари како порано

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk