ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Социјалниот дијалог е силна основа за градење на општество во кое владее социјалната правда

June 24, 2022 17:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Тренчевска денеска учествуваше на конференцијата „Социјални предизвици“, организирана од Амбасадата на Република Франција, Францускиот институт во Скопје и Француската алијанса во Битола во рамки на Француското претседателство со Советот на ЕУ, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Целта на конференцијата, како што соопшти МТСП, беше да се даде осврт на главните социјални предизвици со кои се соочуваат граѓаните на земјите-членки на ЕУ, како и на земјите кандидати.

Тренчевска обраќајќи се пред присутните учесници на конференцијата, меѓу кои амбасадорот на Република Франција, Сирил Бомгартнер, пред се ја истакна улогата на социјалниот дијалог во едно општество, кој како што рече таа само преку социјалениот дијалог може да се подобри квалитетот на одлуките и политиките на една земја.

Таа истакна и дека, телата и процесите за социјален дијалог се моќно оружје за решавање на важни економски и социјални прашања, за справување со кризи, за поттикнување на добро владеење и социјална правда, за намалување на  нееднаквоста, закрепнување на економијата  и за промовирање на економски раст.

Искуствата од минатото ни покажуваат дека едностраното делување на владите води кон потешкотии во справувањето со последиците од кризите, обезбедувањето на социјална стабилност и заздравување на економијата. Социјалниот дијалог води кон меѓусебно разбирање помеѓу општествените групи кои застапуваат различни интереси, со цел да се постигне решение за проблемите од взаемен интерес, рече Тренчевска.

Таа посочи дека, еден од клучните принципи на партиципативното управување е дека оние кои би можеле да бидат засегнати од некоја одлука, мора да бидат вклучени во нејзиното креирање и спроведување.

Улогата на Економско-социјалниот совет, како трипартитно тело на национално ниво, е навистина значајна. Советот дејствува како форум кој е редовно консултиран за најважните предлог-закони, политики и мерки во областа на трудот. Токму низ Економско-социјалниот совет се дискутирани и произлегоа решенија и мерки кои беа одговор на последиците предизвикани од пандемијата, а сега и од енергетската криза, со цел да се помогне на стопанството, но и на работниците и ранливите категории на граѓани. Предлозите коишто доаѓаат од страните, поради природата на позициите, се, често, дијаметрално спротивни. Но, она што е битно, е дека суштински не се разликуваат, бидејќи целите, некаде на крајот, се исти – развиена економија и социјален мир, рече Тренчевска.

Таа посочи дека само во последните шест месеци, на транспарентен и целосно инклузивен начин, се донесени измени и дополнувања на Законот за работните односи, со кои се дефинира неделата како ден на неделен одмор за сите. Процесот на консултации траеше повеќе од година, се дојде до решение кое можеби не е совршено, но е резултат на успешен дијалог помеѓу Владата и социјалните партнери.

Таа се осврна и на изнаоѓањето на соодветно решение за одредување на минималната плата за 2022 година, процес кој заврши успешно, преку исцрпните преговори на претставниците на работниците и работодавачите, заедно со Владата, наведуваат од МТСП.

Министерката информираше дека во тек е и подготовката на нови законски решенија, како Законот за работните односи, Законот за спречување на вознемирување на работното место, Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, Законот за социјално претприемништво.

Социјалниот дијалог е силна основа за градење на општество во кое владее социјалната правда, затоа што сите партиципираат, претставниците на работодавачите, работниците и  Владата. Затоа, цврсто застанавме „ЗА“ социјалниот дијалог и од него, не отстапуваме. Затоа што, тоа е за доброто на сите нас, порача Тренчевска.

На денешната конференција учествуваа и потпретедателот на Економско-социјалниот совет и за животна средина на Франција, Жак Ландрио, поранешна министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, претседателката на „Гласен текстилец“​, Кристина Ампева, професори, студенти и ученици.​

Next Post

НЦЦ: Бугарскиот рецепт за Северна Македонија е како оној на Путин, само без тенкови

Shortcut

Најново

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

Седум фемициди и шест барања: Граѓанските организации бараат институционална одговорност

November 18, 2026

Мислете му ја!

November 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk