ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ

June 24, 2022 20:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Договорот за пријателство и добрососедство има свои инструменти на функционирање. Историската комисија е дел од тој договор, исто така и овие протоколи. Тоа е билатерално прашање меѓу нас и Бугарија. Тој протокол не може да биде услов во преговорите, ниту да биде спомнат во преговарачката рамка, порача вицепремиерот за еворинтеграции Бојан Маричиќ  вечерва во гостување на ТВ Телма.

Во однос на бугарското барање да се вклучи референца за протоколите кои произлегуваат од Договорот за пријателство и добрососедство во преговарачката рамка, како и за потпишување на билатералниот протокол составен од историски, образовни услови и идентитетски прашања, како што бил преговаран и усогласен меѓу двете министерства за надворешни работи, вицепремиерот Маричиќ тврди дека не е усогласен текстот на протоколот, не е договорен и не е потпишан, и оти се уште отворени прашања за кои мора да се разговара.

– Рамката е документ што го зацртува патот за наредните 10 години или колку и да се, како ќе изгледа текот на преговорите со ЕУ и е основа за договорот за пристапување кон ЕУ. Меѓу секоја меѓувладина конференција има услови секогаш, во сите преговори. Во однос на ова, ние не велиме да нема услови помеѓу, тоа ќе има по сите основи. Битно е ние да ги почнеме преговорите. Моментот кога ќе ги почнеме преговорите, го започнуваме скрининг процесот, значи аналитички анализа на нашето законодавство и практики, во однос на практиките и законодавството на ЕУ, појасни Маричиќ.

Нагласи дека за нас било важно првата меѓувладина конференција да не биде симболична туку да означува реален почеток на преговорите.

– Доколку тоа се случи ние можеме понатаму да разгледуваме кога и како и во кој рок може да се извршат уставните измени. Нашиот став од самиот почеток беше дека тие измени се возможни и можат да се направат до крајот на заклучувањето на преговорите, изјави Маричиќ. /МИА/

Next Post

Николовски на Г7: Светот во потрага по решение за глобалниот недостаток на храна

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk