ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Навремените антикризни мерки ги спречија ценовните шокови и го заштитија стандардот на граѓаните

June 29, 2022 15:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска во одговор на пратеничко прашање истакна дека навремените антикризни мерки ги спречија ценовните шокови и го заштитија стандардот на граѓаните, информираат владините служби.

„Како одговор на Влада уште од почетокот на својот мандат носеше антикризни пакети  и мерки кои беа оценети како позитивни и успешни надвор од меѓународните институции и затоа стои во извештајот. Само да ве потсетам во време на ковид кризата беа донесени 6 пакета антикризни мерки од 1,2 милијарди евра, а сега за време на војната во Украина нови пакети антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра, дополнително не дозволивме ценовен шок за граѓаните во однос на електричната енергија со оглед на тоа што електричната енергија за сите граѓани беше субвенционирана со 80 проценти од страна на државата, државата треба да им се најде на граѓаните тогаш кога им е најтешко“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски истакна дека се презедоа мерки и во однос на ограничувањето на цените и во однос на ригорозни и неселективни контроли во малопродажбата и големопродажбата.

„Имаше уште една многу значајна работа, а тоа е зголемувањето на пензиите, порано пензионерите беа користени пред избори за еднократно зголемување на нивните пензии. Она што го ветив кога станав премиер е дека пензионерите нема да бидат ставени во позиција пред избори да им се зголемуваат пензиите туку ќе воведеме методологија која ќе даде вистинско зголемување тогаш кога податоците од Државниот завод за статистика за зголемување на просечната плата и за зголемување на инфлацијата и затоа оваа година која не е и нема да биде изборна година имаме историски најголеми зголемувања на пензиите. Тоа се работи кои време на најголема криза, со домаќинско работење овозможија прво да обезбедиме зголемена минимална плата, зголемена просечна плата, зголемени социјални додатоци и зголемени додатоци за електрична енергија и зголемени субвенции за инвестиции“, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека и во услови на криза продолжуваат странските инвестиции а младинската невработеност која беше 48%, сега е сведена на 28% затоа што сите активности кои се направени и во однос на гаранции и во однос на вработување и обуки на младите се во таа насока и тоа сега го гледаме.

Next Post

(ВИДЕО) Ковачевски: Предвремени избори не треба да има за да се заштитат националните интереси и економската стабилност

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk