ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МЗШВ започнува нов проект за Национална стратегија за oбезбеденост со храна

June 30, 2022 12:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поставување на основата за подготовка на интегрирана Национална стратегија за обезбеденост со храна во Северна Македонија ќе биде во фокусот на нов проект на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), информираат од Министерството за шумарство и водостопанство.

Проектот беше промовиран денеска преку настан во Скопје, организиран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ФАО во партнерство со Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.

Во своето поздравно обраќање, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, истакна дека во ова време на глобални промени, од суштинско значење е да се обезбеди пристап до безбеден, стабилен и прифатлив извор на храна за сите, и дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе даде целосна поддршка во процесот на развој на Националната стратегија за обезбеденост на храната.

Министерот Николовски се надоврза и на минатонеделната министерска конференција во Берлин, на која беше испратена порака дека земјоделците, но и сите граѓани, треба да се прилагодиме на новите промени и да се обединиме во изнаоѓање на нови можности за полесно надминување на кризата со храна.

‘’Соочувајќи се со предизвиците од пандемијата Ковид-19 и војната во Украина за домашната обезбеденост со храна, ние како министерство и  Владата ја препознавме важноста на Национална стратегија за обезбеденост на храна, како патоказ за утврдување на националните приоритети за подобрување на домашното земјоделско производство, а со тоа и достапноста на храна и можноста секој да си овозможи здрава исхрана. Ваквата стратегија може да ни помогне да го направиме нашиот прехранбен систем поиздржлив и отпорен на идни вакви кризи, кои можат да ја загрозат националната обезбеденост со храна’’ – рече министерот Николовски.

Иницијативата за изготвување на ваков документ, започна пред една година кога денешната светска криза воопшто не беше на повидок, а еве денска веќе имаме официјален почеток на проект со јасно дефинирани цели и резултати кои треба да ги постигнеме.

Генерално, проектот има за цел да го реши идентификуваниот недостаток на стратешка рамка за обезбеденост со храна во Северна Македонија преку поддршка на Владата да ги подготви релевантните документи, студии и анализи потребни за развој на првата Национална стратегија за обезбеденост со храна во државата. Проектот е дел од Регионалната иницијатива на ФАО за трансформација на системите за храна и олеснување на пристапот до и интеграцијата на пазарите, и се очекува да биде завршен до средината на 2023 година.

„Целта на оваа Стратегија е да се зголеми земјоделското производство за да можеме со помали трошоци за производство да ги задоволиме домашните потреби. Друга цел ни е да се подигне квалитетот на македонските производи, овозможувајќи препознатливост и конкурентност на нашите производи, создавање на услови за одржливо производство кое води грижа за животната средина, задоволување на потребите на граѓаните во услови на било каква криза и промовирање на здрави навики во исхраната со посебен акцент на жените и младите“ потенцираше мнистерот Николовски.

Системите за снабдување со храна, домашни и меѓународни, се нарушени и продолжуваат да влијаат на глобалните цени на житото, ѓубривата и енергијата. Меѓународните цени на храната постојано растат, зголемувајќи го и онака тешкиот товар врз глобалната обезбеденост со храна. Покрај тоа, растечката фреквенција и интензитетот на екстремните климатски настани продолжуваат да бидат главна пречка во системите на снабдување и проблем во обезбеденоста со храна.

Поконкретно, во тесна соработка со Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, преку консултативен и партиципативен процес, ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе работат на собирање на потребни национални податоци за обезбеденост со храна и здрава исхрана, како и на детална анализа на релевантните национални политики, кои ќе послужат како основа за нацрт на идната Стратегија за обезбеденост со храна.

Дополнително, ќе се спроведе институционална анкета за да се подготви предлог за воспоставување на постојан меѓу-институционален национален координативен механизам како главно државно тело во кое ќе бидат вклучени сите засегнати министерства и државни агенции кои ќе бидат одговорни за стратешкиот надзор на спроведување на националната стратегија, закони, политики и програми поврзани со обезбеденост на храната.

Next Post

Битиќи: Спремни сме да направиме социјално праведна енергетска транзиција што ќе ни донесе енергетска безбедност и диверзификација

Shortcut

Најново

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

Седум фемициди и шест барања: Граѓанските организации бараат институционална одговорност

November 18, 2026

Мислете му ја!

November 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk